Полицијата не упаѓа во верски објекти, вели Петровска
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 23 Мај, 2020
Полицијата не упаѓа во верски објекти, има само телефонски консултации со лидерите, вели дополнителната заменичка министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска.
Додава дека во тој поглед не користат сила.
Таа нема информации дека полициски службеници прават упад во исламските верски објекти. Во нејзиното вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ што се емитува на Алсат, Петровска изјави дека полицијата има телефонски консултации со верските лидери, но оти не знае за полициски дејства во самите објекти.
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев ги демантираше реакциите кои произлегоа од Исламската верска заедница дека полициски службеници се јавувале кај верски старешини за да вршат притисок со своето влијание за време на празнувањето на Рамазан Бајрам.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.