Полицијата растури забава во викендичка на Тиквeшко езеро
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 04 Април, 2021
Растурена е журка во викендичка на Тиквешкото езеро. Рано утрово со судски налог полицајци влегле во викендица лоцирана на место викано Брушанска населба на Тиквешко Езеро, сопственост на А.В.(23) од Кавадарци. Taму се затекнати четири лица, а во близина на викендицата пронајдени се и легитимирани уште 14 лица меѓу кои и сопственикот.
По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи кривична пријава. Завчера е рестурена журка во Струмица, а истиот ден затекнати се над 20 гости во угостителски објект во тетовско.
фото Википедија
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.