Полицискиот час и понатаму се крши
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Април, 2021
Последните податоци покажуваат дека 12 луѓе го прекршиле полицискиот час.
На сила е забраната за движење од 22 часот навечер до 5 часот наутро.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19. Властите го вратија полицискиот час, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Засега други рестрикции нема. Дали ќе има некакви мерки за празниците ќе одлучи Комисијата за заразни болести. Бројките на заразени и натаму се високи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.