Политичка парада, заглавена хуманитарна помош!
Објавено во: Економија 11 Август, 2016 08:59
Дваесетина активисти кои од Куманово вчера дојдоа во скопското село Стајковци велат дека ова село сега за нив има посебно значење зошто тука живее семејството Крстиќ кое успеа да ја спаси нивната сограѓанка Емилија Цветковска од сигурна смрт во поплавата која пред пет дена беснееше во овој реон.
“Скоро секој човек во основа е хуман, само треба да му дадете можност да ја покаже хуманоста. Примерот на семејството Крстиќ од Стајковци , и на многу други во тие првични моменти ја покажува суштината на човековиот нагон , да му се помогне на унесреќениот , дури и во ситуација во која постои директна лична животна загрозеност. Тие луѓе заборавиле за себе кога слушнале дека некој бара помош. Ако Крстиќ и сличните во тие моменти ги ставиле на ризик нивните животи и животите на нивните семејства за да спасат некоја Емилија, Јадран, Асан..., тогаш она што ние го правиме е само капка во морето на хуманоста. Нашиот хуманитарен бенд од Куманово го чинат слични луѓе на кои никој не треба да им каже дека треба да помогнат. Од друга страна и кумановчани ,како впровчем и останатите граѓани, секогаш се одзиваат на повикот за помош. Ние бевме , сме и остануваме само како еден вид на катализатор и усмерувач на нивната хуманост”- додава хуманитарецот.
Оваа катастрофа според хуманитарецот Александар треба да биде аларм дека секое место има степен на ризик за кој има влијание и човечкиот фактор, неажурноста на институциите и природата, но секој мора да биде одговорен пред себе и пред своите деца за постапките кои директно влијаат на нивната иднина. Среќен е што нивната сограѓанка Емилија која е мајка на три деца повторно може да се радува на секој нов ден, на новата шанса која и ја даде животот и брзата реакција и прибраната реакција на Стајковчани.
“Нашата сограѓанка се сретна по наша иницијатива ,таа беше видно потресена но собра сили и заедно со сите нас волентери давајки и подршка одлучивме овде да стигне прва помош за хуманите луѓе и најпогодените граѓани. Сметам дека имаше простор за побрза и поефектна реакција веднаш во првите часови од катастрофата. Ние, како еден, можам слободна да кажам хуманитарен бенд од Куманово, не чекавме да не изненади снег во Декември. Тоа е една група на хуманираци волонтери кои реагираат веднаш.Така беше и кога се случија поплавите во Србија и Босна, така беше кога започна бегалската криза минатата година. Веднаш во неделата се собравме, оформивме ФБ група, направивме координативно тело и почнавме.Толку малку, а толку важно”- потенцира кумановецот.
На терен вели затекнале многу хумани луѓе, но и многу болка и очај во семејствата кои ги загубиле своите најблиски, своите домови кои ги граделе со години и во кои го вложиле сиот свој живот, заштеда, надеж. Неколку дена од катастрофата вели се гледа раздвиженост и акција но прашува дали оваа акција можеше и порано да се случи на инстутиционално ниво?! Времето ке покаже.
“Се поголем е бројот на граѓаните кои се вклучуваат. Можеше и порано, но повторувам, иако сите во основа сме хумани, некои реагираат побргу некои подоцна. Државните органи сами по себе се ригидни. Нив секогаш им треба време, анализа,планови, стратегии...а многу често потоа заклучуваат дека нешто им фали: дефектни возила, дефектна опрема, изгубен клуч од некој магацин или од резервоарот за бензин. Затоа обичните граѓани, волонтери , се обично првите на барикадите на помошта. Мислам дека веќе од утре овде ќе има се поголем број на волонтери, се поголема количина на помош за настраданите. Од друга страна , луѓето имаат и моќ на адаптација во новонастанати околности , така да по првиот шок, по првата помош која ќе им пристигне, едноставно се соземаат, ја прифаќаат ситуацијата како реалност, колку и да е тешка и продолжуваат понатаму”- вели Александар.
Катастрофите од ваков тип според него се непредвидливи. Но далекусежноста на мислата на вистинските стратези на човековата безбедност и општествена одговорност е во создавање на услови за намалување на последиците од катастрофите. Холандија како што вели е под вода но е сува, Токио уште не се сруши иако е на најтрусното подрачје во светот.
“Ако и после оваа катастрофа веќе утре некој не реши да направи огромни одводни канали, да ги пошуми соголените брда, и не размисли за сите населени места во Македонија, нивната поставеност и потенцијална опаснот, тогаш пак после 100, 200 или 500 години некои следни генерации ќе викаат дека не можеле ништо против една ваква природна катастрофа. Кој ќе биде виновен тогаш за жртвите? Па, нормално оние , кои живеат сега, кои се општествено одговорни, а кои земале плата само за да стигнат до пензија.
Јавна свест не постои. Постои само индивидуална свест. Мислите дека Германија е чиста затоа што Германците се природно многу педантни или имаат одличен систем за развивање на педантноста ? Некои луѓе кога ќе сакат да фрлат ѓубре гледаат дали има канта или не. Ако нема тогаш отпадокот го ставаат во џеп и го одложуваат во првата канта. За други, канта за отпадоци е целата нивна околина. За таквите постојат санкции, а санкциите треба да ги постави и реализира државата, ако мисли за останатите граѓани кои треба да бидат општествено одговорни за себе и за своите деца”- порачува активистот Александар Крстевски од Куманово.
С.Б.
Можеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




