ПОЛИТИЧКИ ПРИТИСОЦИ: Горан Михајловски се поздрави со читателите на „Вест“
Објавено во: 31 Декември, 2015
Главниот и одговорен уредник на дневниот весник „Вест“, Горан Михајловски, во последното издание за 2015 година се поздрави со своите читатели.
“Жал ми е што и покрај тоа што сопственици на компанијата се едни од најуспешните бизнисмени во земјава и во регионот, тие не успеаја да го заштитат весникот од политичката криза. Жал ми што и врвниот светски политичар и дипломат Срѓан Керим, како еден од газдите и заштитно лице на успешната компанија МПМ, не успеа да ги заштити јавниот интерес и "Вест"од политичката криза” - напиша Михајловски во колумната, под наслов „Слика убава“.
Михајловски го води весникот од основањето, но менаџментот одлучил да не му го продолжи договорот кој му завршува на 31 декември 2015 година.
Според информациите, менаџментот на Вест и понудил на главната уредничка на Утрински весник Соња Крамарска да го наследи Михајловски. Крамарска, според извори од Утрински весник, на новинарите на редакцискиот колегиум им соопштила дека и бил вршен притисок да ја прифати уредничката позиција во Вест.
Последната колумна „Сакам да кажам” на Михајловски, можете да ја прочитате тука.