19 Мај, 2024
0.0448

Политичкиот „дрнџ“ ги расипа стомаците на инвеститорите и трејдерите!

Објавено во: Економија 31 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Прометот во тродневното тргување на целиот пазар е одвај 110.000 евра, ако потрае оваа политичка сапуница во која сите актери се натегаат, оптегната наскоро може да биде само берзата и индустријата на тргување со хартии од вредност Последната трговска седмица помина под целосно влијание на македонската политичка ситуација која многумина ја нарекуваат кризна состојба. Данокот на неизвесноста ја разјадува домашната економија, несигурноста го прави своето и на македонскиот пазар на капитал. Со еден збор се она што се случи на пазарот во кратката тродневна берзанска седмица наликува на „лер“ ситуација или состојба во која никој не повлекува чекор и секој од инвеститорите и трејдерите чека некојд друг да даде тренд или правец на движење на настаните. Токму неизвесноста од идните денови, седмици, од политичката состојба во која лидерите на позицијата и на опозиција се длабоко закопани во своите ровови креира берзанска состојба во која тргувањето се проретчува. Прометот е прв на удар во изминативе три трговски дена. Очекувано единствено „Комерцијална банка“ оствари промет повисок од еден милион денари, а „Алкалоид“ остана на маргината од еден милион денари. „Македонски телеком“ во оваа трговска сесија ја забележа најниската годишна цена од 225 денари за акција, очекувано нели? Инвеститорите се воздржани и нормално е да биде така. Единствено „Комерцијална банка“ овие три трговски дена го зголеми обемот на промет и покажа невидено константна трговска ценовна маргина од само еден денар за акција. Се тргуваше од 1.850 до 1.851 денар за акција. За промет од 2,28 милиони денари. Тоа е речиси еден милион денари поголем промет од реализацијата во претходната трговска седмица во која маргината беше 59 денари за акција, а највисоката цена беше 1.850 денари за акција. Дали оваа акција ќе оствари иста динамика на тргување во претстојната трговска седмица? Како ќе влијаат врз инвеститорите последните разговори за кои СДСМ тврди дека врвни фигури на извршната власт разговараат за барокни фасади, а се споменува и купување на имот на „Комерцијална банка“. Зошто врвни функционери на извршната власт да разговараат за планови за купопродажба на имот на банка чија акција котира на сегментот „суперкотација“ на Македонскиот пазар на капитал? Ова е прашање кое може да си го постави секој потенцијален инвеститор или акционер на банката... Одговор тешко дека ќе добие, но ова на цената може да влијае. „Алкалоид“ како и многу пати досега без големи турбуленции во цената – трговската маргина беше 49 денари од 4.900 до 4.851 денар за акција, но со промет намален за речиси седум пати во споредба со претходните пет трговски дена. Зошто? Па очигледно дека инвеститорите се воздржуваат од акција. Нели целиот пазар е во сенка и тоа темна сенка на политичката ситуација во која сите лидери велат дека бараат решение, во која политички претставници на Европската унија доаѓаат и посредуваат, во која претставници на влијателни светски држави даваат контрадикторни изјави за политичките случувања во нашата земја, а политичари од нашето соседство се занимаваат со нивната омилена сеирџиска дисциплина – дали Македонија ќе ја биде или не! И целиот овој политички „дрнч“ (кој служел војска знае, а за тие што не знаат тоа е манџа во која се става она што останало од претходни денови, а е јадење од зеленчуци) ни го сервираат нашите политички елити. Од тој „дрнч“ берзата и инвеститорите очигледно го расипаа стомакот...

Можеби ќе ве интересира

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија