28 Април, 2024
0.0272

ПОЛИТИКА И ЛОШИ ОДЛУКИ: Како заглавија младите во Македонија?

Објавено во: Економија 22 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Нетранспарентноста и непрофесионалниот однос од страна на Агенцијата за млади и спорт го кочат изборот на младински претставник за Регионалната канцеларија за младинска соработка –РИКО- реагираат од  Националниот младински совет на Македонија. Апелираат институциите да дозволат младите да изберат свој младински претставник за Регионалната канцеларија  која е една од  најзначаните регионални политики за млади која  ќе овозможи на многу млади луѓе различни програми и размени во земјите од западен  Балкан.

РИКО во својата структура има  Управен Одбор кој со своите одлуки ќе го насочи патот на развој на оваа канцеларија и директно ќе влијае врз младите луѓе. Секоја држава потписничка ќе има двајца претставници  во УО еден на институциите и еден на младите.  Избраните членови ќе имаат голема одговорност, бидејќи во името на младите и институциите ќе носат одлуки кои треба да резултираат со позитивна промена во животите на младите луѓе во Македонија и во регионот.Претставник на институциите од Република Македонија ќе биде Директорот на Агенција за млади и спорт Марјан Спасески.  За избор на претставникот на младите била отворена  постапка во Агенцијата за млади и спорт на која преку  еден јавен повик, конкурс се пријавиле граѓански организации за да имаат право да гласаат, а на друг јавен повик индивидуалци ги поднесуваа кандидатурите за член на УО.  Целта е да се креира работна група која ќе го избере претставникот на младите од Македонија во УО”- велат од Националниот младински совет на Македонија.

Оттаму апелираат до институциите да ја препознаат улогата на младите во носењето на одлуки и политики наменети за нив, посебно Регионалната младинска канцеларија како политика која го гарантира младинското учество и да ги чујат забелешките  и предлозите.

Без тоа ризикуваме, наместо да бидеме дел од процес кој ќе беше пример во регионот, младите во Македонија да бидат искористени како декор за верификација на политичка одлука без реално учество. Како друга специфична и важна карактеристика која оваа канцеларија ќе ја има е учеството на младите луѓе во процесот на носење на одлуки што се случува за прв пат на овие простори на високо политичко ниво. Искажуваме загриженост и разочараност поради неможноста Агенцијата за млади и спорт соодветно да ги вклучи младинските организации и избере претставник на младите во Управниот одбор на РИКО”- потенцираат од Советот.

Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан(РИКО) е процес кој започна на Самитот на ЕУ и Западен Балкан во Виена во 2015.  На иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркел, а по примерот на веќе постоечката Франко-Германска канцеларија за млади премиерите на 6-те држави од Западен Балкан потпишаа декларација и  започнаа подготовките за воспоставувањето на ваква канцеларија и за земјите на Западен Балкан. Целиот процес заврши со потпишувањето на договор  за воспоставување на РИКО на последниот Самит на ЕУ и Западен Балкан во Париз, јули оваа година. Декларацијата беше потпишана од страна на премиерите на 6-те држави учесници, Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора,  Босна и Херцеговина и Косово.

Канцеларијата ќе биде финансирана од Владите на шесте држави, Европската Комисија и меѓународни организации и се очекува да започне со работа во 2017 година.

РИКО ќе биде регистрирана како меѓународна организација која ќе отвори можност за зголемување на мобилноста на младите од Западен Балкан преку финансирање на  младински проекти и младински размени.  Главната цел  велат од Националниот совет е да поврзе што поголем број на млади луѓе од Западен Балкан со цел да се намалат постоечките стереотипи, дискриминација и омраза кои постојат меѓу младите како последица на сите конфликти кои постојат помеѓу државите.

За една граѓанска организација да има право да гласа, објасуваат од НМСМ и треба да се исполнат 5 критериуми  наведени во јавниот повик.  Оценка дали една пријавена граѓанска организација ги исполнува критериумите вршела  комисија формирана од вработени во Агенцијата за млади. 

Во работната група се примени членови номинирани од граѓански организации кои не се активни според Централниот регистар на Република Македонија и не може да се најде постоење на нивни јавни гласила и Агенцијата не дозволува да се има јавен увид во сите апликации и целата документација произлезена од конкурсот објавен за проширување на работната група. Право на глас имаат и членовите на работната група кои се претставници на институции, a кои веќе имаат свој загарантиран претставник”- додаваат од Националниот младински совет.

Барањата на Националниот совет  се да им се одземе правото на глас бидејќи  одлуката за избор на претставник на младите во УО мора да ја потпише Директорот.  На овој начин велат институциите имаат голема и пресудна контрола на процес кој треба да биде оставен на граѓанските организации.

И покрај нашите напори ова прашање да го решиме низ конструктивни дискусии во работна група и преку институционален пристап во повеќе наврати, да ги адресираме овие недоследности до Агенцијата за млади и спорт, во целиот овој процес тие се игнорантни на забелешките и критиките кои имаат за цел да ја зголемат транспарентноста на процесот. Ова се потврди со фактот дека АМС оддржа состанок за гласање за претставникот, иако овие дилеми не беа разрешени. На повикот беа пријавени три кандидати  и беа детектирани низа недоследности.  Еден од кандидатите за Управниот одбор беше член на работната група, што е спротивно на критериумите во повикот.Еден од кандидатите за Управен одбор е со работна позиција во Собрание на Република Македонија како надворешен соработник, што фактички е претставник на институција, а не на младите”- нагласуваат од ова НМСМ.

Гласањето се случило на  13 септември , а поради тоа што ниту еден од кандидатите не го освоил потребниот број на гласови, младински претставник не се избрал. Агенцијата за млади и спорт, како што велат од Националниот младински совет без консултација со работната група создадена да избере претставник објавила  нов повик.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност