Политиките на строги мерки за штедење може да доведат до распад на еврозоната
Објавено во: Свет 29 Март, 2013 10:10
Политиките на строги мерки за штедење што се применуваат во некои земји од еврозоната, содржат ризик што може да доведе до распад на Европската монетрана унија, предупреди францускиот претседател Франсоа Оланд.
- Моја должност денес е да им укажам на европските лидери дека бескрајното продожување на политиките на строги мерки за штедење содржат ризик што може да доведе не до намалување на дефицитот, туку до намалување на популарноста на владите кои во еден момент ќе станат лесна жртва за популистите, нагласи Оланд во интервју за државната телевизија Франс 2.
Како пример за ваквото свое тврдење Оланд ги посочи Грција и Италија, каде на последните парламентарни избори беше забележан значителен пораст на популарноста ма популистичките и екстремистичките партии, кои се главни критичари на мерките за штедење.
Оланд во интервјуто се осврна и на неговиот нов предлог за воведување на данок од 75 проценти за лицата чии годишни приходи се поголеми од еден милион евра, откако Уставниот суд го поништи неговиот претходен закон за „супер данок“ за лицата со големи примања.
- Префрлањето на товарот на даноците на компаниите би било начин преку кој најбогатите Французи ќе бидат натерани да помонат за надминување на кризата, рече Оланд, додавајќи дека просечните француски домаќинства нема да бодат оптоварени со нови давачки во текот на оваа и следната година.
Оланд во интервјуто се осврна и на случувањата во Сирија, нагласувајќи дека Франција нема да доставува оржује во оваа земја се додека „не биде сигурна дека тоа ќе биде употребувано од членовите на легитимната опозиција“. - Во овој момент немаме таква гаранција, потенцира Оланд.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




