Полска и Русија најповолни за инвеститорите во недвижнини
Објавено во: Свет 12 Јануари, 2013 10:57
Русија и Полска се повеќе ја преземаат водечката улога на инвестициски пазар , иако минатата година имале намалени инвестиции од дури 20 отсто на годишно ниво, се наведува во анализата на меѓународната компанија за недвижнини ЦБРЕ.
И во тие две земји јасна е разликата меѓу првокласните недвижнини на најдобрите локации како што се локации во Варшава, Москва и Прага, каде на интересот на инвеститорите не влијаеше ниту кризата.
Сепак сеуште трае борбата на инвеститорите за останатите недвижнини и локации во централна и источна Европа. Во анализата на ЦБРЕ се наведува дека се забележува дека интересот на инвеститорите е зголемен за вложување во индустриски недвижнини.
Директорот на ЦБРЕ за регионот на средна и источна Европа Џош Тромп смета дека во последните години дошло до намалени инвестиции во нови канцелариски недвижнини во Прага поради релативно нискиот индекс на враќање на инвестициите.
Сепак изјавите на раководството на капитални инвестиции на ЦБРЕ за пазари на средна и источна Европа, во анализата потенцираат дека цената на првокласните деловни простории во регионот останала релативно стабилна, додека вредноста на второкласните канцеларии и на најатрактивните локации се намалила последните години.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




