03 Мај, 2024
0.7731

Полска и Унгарија загрижени за своите работници во ЕУ

Објавено во: Економија 05 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

На Полска и Унгарија не им се допаѓа тоа што нивните работници, иако со реформата на ЕУ како странци ќе добиваат иста плата заедно со локалните вработени во некоја друга земја-членка, ќе бидат под „привилегија“ надвор од националните граници на само 12 месеци.

Унгарија и Полска изјавија дека поднеле жалба до Европскиот суд да се поништи реформата на Директивата за работниците во странство, кој неодамна беше прифатена од страна на 28 земји, по напорни преговори, со цел да се обезбеди овие работници да добиваат иста плата за иста работа во истото место.

Унгарската влада апелираше до Судот на правдата на Европската унија - СПЕУ, надевајќи се дека ќе се направи ревизија на оваа директива што беше одобрена во мај од страна на Европскиот парламент.

Полска објави дека во средата поднела приговор до ЗСПЕУ за недоизградена реформа на системот, која им овозможи на Европејците да работат во странство, а придонесите да им се уплаќаат во матичната земја.

Оваа реформа 28 земји на ЕУ ја усогласија за да може работник во една странска земја да добива иста плата како и локалните вработени, според сите бонуси предвидени во таа земја (компензација за работа на студ, за тешки услови за работа, за стаж, тринаесетта плата ...).

Беше договорено дека максималното времетраење на таквата директива е ограничено на 12 месеци, со можност за продолжување за шест месеци и тука настана проблемот за Полска и Унгарија, кои имаат многу работници што заработуваат со подолг престој од една година обично во побогатите земји.

Оваа реформа "воведува обврски и ограничувања кои се косат со дискриминација", се вели во соопштението на службата на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во Варшава, заменик-министер за надворешни работи Конрад Шимански во четвртокот го критикуваше "протекционистички карактер" на новиот документ, кој, според него, не е во согласност со принципот на слободно движење на работниците и услугите.

Дваесет и осум министри за труд на ЕУ донесена во октомври 2017 година заеднички став за реформите, и покрај противењето на Полска, Унгарија, Литванија и Латвија.

Полска, со околу 500.000 нејзини граѓани кои секоја година заминуваат на работа во ЕУ, може да загубат најмногу во реформата.


Можеби ќе ве интересира

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите