Помалку озборување,а повеќе смеење- формула за убав работен ден
Објавено во: Стил
17 Април, 2013 15:43
Добивај вести на Viber
Ако не сте задоволни со работата, а поради кризата не можете да ја промените, променете го ставот кон неа.
На работното место опкружете се со работи кои ги сакате. На бирото ставете фотографија од пријатели и семејството, а исфрлете се што не користите или едноставно не ви е убаво. Секој ден украдете една минута или две само за себе. Затворете ги очите и сонувајте.
Совети за подобро расположение на работа
- Не трошете енергија на озборување ако не сакате и за вас да зборуваат.
- Дојдете десет минути порано, за да се подготвите за претстојниот ден.
- Шегувајте се на своја сметка, така ќе изгледате моќни и привлечни.
- Нека работата не ви биде се на светот за да не го загрозите приватниот живот.
- Запомнете дека ништо не е вечно, колку и да била лоша ситуацијата, ќе помине.
- Исчистете го работното место од непотребни хартии од време на време.
- Запишете се што сакате да постигнете и кога ви е неподносливо – прочитајте.
- Задолжително направете пауза и ако е можно, излезете на свеж воздух.
- Запомнете дека сте вие кројачот на вашата среќа
Вистина е дека на некои работни места нема да се чувствувате добро, но таа одговорност е и на вас. Сами себе си должите да го извлечете најдоброто од таа работа или задача која моментално ја извршувате.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: