19 Декември, 2025
0.0699

„ПОМЕЃУ ПЛАТА И ПОЛИТИКА ИМА 79 ПРОЦЕНТИ ЗГОЛЕМЕНИ ФУНКЦИОНЕРСКИ ПЛАТИ И 0 ЗГОЛЕМЕНИ РАБОТНИЧКИ“: Трендафилов за средбата на Економско социјалниот совет

Објавено во: Економија 31 Јули, 2025 07:30

Добивај вести на Viber

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, по средбата на синдикатите, работодавачите и Владата во рамки на Економско социјалниот совет, на социјалните мрежи обвини дека бил цензуриран и дека не било емитувано во целост што се се разговарало на средбата.
ТОА ШТО ГО ЗАБРАНИЈА ДА СЕ ЕМИТУВА ЗАТОА ШТО НЕ СЕ ЗА РАБОТНИЦИТЕ, ПРОТИВ НИВ СЕ !

За жал големо разочарување, нема изгледи за зголемување на минималната плата. Тоа што го слушнавме внатре е дека ССМ многу барал, дека работниците многу бараат и дека им е доста, дека со тие плати треба да бидеме среќни што ги добиваме.

Работниците изгледаа во Македонија премногу очекуваат а кога очекувате премногу добивате големи разочарувања!

Поради краткиот временски период кој го имаат на располагање пратениците и Владата до распишување на избори, македонските работници веројатно дека ќе останат со најниска плата во регионот односно под дното, ако има дно, Македонија е под дното со платите.

Сојузот на синдикатите на македонија и еден работник да бара зголемување на неговата плата ќе застане покрај него и ќе бара зголемување на наплатите. Сојуз на синдикатите во македонија во минатото покажа дека на претходната Влада и одржа генерален штрајк во јавниот сектор и на таков начин ги зголеми платите на сите вработени во јавниот сектор за дополнителни 10 проценти, огромен број на пати протестираше и во нредниот период може да се случи истото, но мислиме дека по пат на социјален дијалог можеме да постигнеме да постигнеме решение решението е да се доближиме до минималната плата во регионот од 500 евра, НО не убедуваат дека дека минималната плата во Македонија е со далеку поголема куповна моќ од половина европа. Веројатно функционерите живеат подобро од половина европа со нивните 79% зголемени плати.

Мене ми е многу жал што само ние останавме да се бориме за зголемување на платите во Македонија, другите синдикати за жал кои ќе имате можност да ги прашате што побараа на денешната седница на Економско социјалниот совет, не побараа апсолутно ништо односно се согласија со сетоа она што Владата го кажа.

Затоа беа упадите во Сојуз на синдикатите на Македонија во изминатиот период, за Владата да си најде полтронски синдикат со кој ќе седи на иста маса со неа и ќе ги поддржува нејзините владини политики на штета на работниците, си го најдоа таков полтронски синдикат и нака им е со среќа на тие членови на тој синдикат.

Ние како Сојуз синдикати на Македонија без оглед на тоа колку и да не напаѓаат и во наредниот период веројатно ќе следат напади кон ССМ како што тоа беше случај од почетокот на годината само за тоа што бараме плата.

Помеѓу плата и политика има 79% зголемени функционерски плати и 0% зголемени работнички плати кога ќе ги стигнеме тие 79% функционерски плати тогаш ќе зборуваме и ние како сосема за политика се до тогаш ќе зборуваме за плата и можат да не извинат на речникот.

На претходната Влада и организиравме генерален штрајк, пошто внатре бевме прашани каде сме биле на претходната Влада да ги кажеме дека платите се ниски во Македонија.

Ќе потсетам две работи, на 12-ти декември излеговме на мразот да протестираме за 18.000 денари минимална плата и во март пред седницата на Економско социјалниот совет од протести дојдовме од пред Стопанска комора во Владата за да добиеме 18.000 денари минимална плата.

Во јавниот сектор во 2023-та година во јули го завршивме Генералниот штрајк успешно со регрес за годишен одмор за целиот јавен сектор и со дополнително зголемување на платите на целиот јавен сектор за 10%.

Тоа што го нагласив и преееска ќе го нагласам и сега е дека Сојузот на синдикатите на Македонија не и виткаше кичма, не и клекна и не му ја пресече главата претходната Влада нема да дозволиме ниту на оваа влада го стори тоа.

Загрижени сме, животниот стандард е навистина низок, тие сакаат да ни кажат што да купиме, каде да пазариме, колку да купиме, колку да јадеме, колку да пиеме, не сакаат да ни кажат колку ќе ни ги зголемат платите, не сакаат да ни кажат дека со 400 евра минимална плата или 24,400 денари тешко се живее во Македонија.

Веројатно, да не бидам сфатен погрешно, веројатно со 100 или 150 илјади денари функционерска сокот на цените кои учествуваат сите и тие што не гледаат преку вашите камери меѓутоа и ние што сме тука на жешкото сонце, разликата помеѓу нас и нив е тоа што ние денеска тука држиме прес-конференција надвор на плочниот од пред владата, а тие држеа внатре, разликата е толку голема што работниците треба да ни дадат поддршка.

Тие внатре сметаат дека само Слободан бара зголемување на минималната плата и дека само ССМ и овие пет луѓе, или други пет луѓе од ССМ бараат зголемување на платите на работниците и тие внатре сметаат дека ние погрешно гледаме на на светот или работниците во македонија живеат во погрешна држава, а дел од нив живеат и во европската унија за повисоки плати или некој друг е причината.

Нас не ни е целта да правиме притисок на Владата или на работодавачите за тие да се почуствуваат нападнати, нас ни е целта да го подобриме животниот стандард на работниците и како синдикат тоа ни е најосновната заложба, ако некој мисли дека ние треба да даваме поддршка на едни на други на трети и да се согласуваме платите во Македонија да не растат, односно, да бидеме задоволни со досегашниот раст на платите се залажуваат, синдикатите, денеска да се зголемат платите, утре ќе бараат уште повеќе, зошто затоа што тоа го бараат работниците од нив.

Не смееме да си дозволиме како синдикати во Македонија да ги изневериме работниците.

Нашите членови и работниците вкупно во Македонија сметаат дека платата треба да се зголеми, доколку не, ги замолувам работниците да се произнесат дека платите се високи и дека ние како ССМ не треба да бараме веќе зголемување на ниту на минималната плата ниту останати плати во јавниот и во приватниот сектор.

Ако работниците сметаат дека ние многу бараме како ССМ, дека ние имаме погрешна синдикална политика со барањето за раст на платите, да го правиме тоа што го прават нашите колеги кои ќе ви дадат изјава подоцна, нема да правиме ништо да не бараме зголемување на платите и да бидеме среќни и весели меѓутоа ситуацијата во Македонија е далеку полоша од ситуацијата било каде на балканот, за ние да можеме да си го дозволиме тоа.

Беше кажано дека многу бараме и дека пет луѓе во ССМ се собрале и си прават чамче муабет, за работниците тоа е пораз за Владата уште поголем пораз. Ако некој смета дека барањето на синдикатите е политичко барање, пак на обвинуваа за политички притисоци и за политичко барање, да сакав да бидам политички инструирано лице во Македонија веројатно ќе бев премиер, не сакам, претседател на Сојузот на синдикатите сум на Македонија, и ќе се борам за секој еден работник во наредниот приод, не ме интересира политикс, политиката можат да си водат политичарите, но политичарите се тие кои креираат политики и затоа еве ја користам можноста собранието пратениците до распишување на локалните избори брзо брзо да го изменат законот за минимална плата и да им овозможат пристојни услови за живот на македонските работници онака како што тие сложно почитуваат Одлука на Уставниот суд за 78 сега по ново 79% зголемени зголемени плати.

Можат да не напаѓаат, 63.000 членови на Сојуз на синдикатите на Македонија бараат зголемување на платите, не Слободан, не пет луѓе кои се тука на седница на Економско социјалниот совет и 620.000 работници во Македонија.

Еден работник ако смета дека платите во Македонија се високи и дека не треба да бараме зголемување на платите нека каже јасно и гласно да видиме колегите од спротивниот табор ,од квази синдикатите да не бараат зголемување на платите. Еден кога ќе каже дека треба да се зголемат платите ние ќе продолжиме да бараме зголемување на плата !


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии