20 Декември, 2025
0.0532

Поминувате два часа дневно на ФБ? Еве како да заработите најлесно!

Објавено во: Мои пари 18 Јуни, 2015 22:07

Добивај вести на Viber

Има многу добри идеи, но само ретките се претвораат во проект вреден за внимание. Од идеја до старт-ап патот е поплочен и бара изобилство на предаденост, знаење, стрпение, организација, и тимска работа, а за да ја постигне својата вистинска цел старт-апот, односно да стане успешен бизнис, зад се она наброеното потребна е и финансиска инјекција која ќе му даде крилја на проектот.

Англискиот израз старт-ап ( start-up) влезе и во нашиот вокабулар, особено меѓу младите технолошки таленти. Поедноставено, тој се однесува на компанијата во својот иден стадиум, која не мора нужно да биде регистрирана како службена компанија, ниту ќе има бизнис простор, активности или управа. Единствениот совет кој мора да го исполнува како би се сметала за старт-ап е да биде поврзана со технологијата.

Старт-ап обично се раѓа како тимска работа на неколку малди луѓе кои по финализација на својот проект за апликации, видео игри, роботи, компјутерскиот програм го изложуваат на пазарот на инвеститори. Ако идејата е добра и родена „под среќна ѕвезда“, ќе ја забележи по некој великодушен инвеститор и со повеќе милионска финансиска инјекција таа наскоро ќе стане дел од нашите Ајпади, Ајфони и домаќинства.

Лондонски Tech City

Ова е саканото сценарио речиси на секоја млада личност кои ги наоѓам во еден од работните простори на лондонскиот Tech City,британскиот одговор на Силициската долина која во последните неколку година стана кластер старт-ап претприемач.

Една од нив е e Shruti Malani Krishnan, ко-основачка на старт ап Powr of You која меѓу состојките на коктелот на успех ја набројува и страста. „Страста за некоја идеја е она што ќе направи голема разлика. Ако тимот верува во она што го работи, нивната страст ќе ги натера непрестајно да работат на иновации и прилагодувања на бизнис модели како би постигнале успех“, говори Shruti .

Shruti е родена во Индија, но како девојче со родителите од Калкута се преселила во САД. Ако целта на семејството на Shruti била пронаоѓање на подобри прилики, тоа и го оствариле, бидјеќи Shruti и нејзиниот брат по завршувањето на школувањето во Лондон и САД и двајцата оствариле завидни кариери, најнапред во консултантските води, а денес како сопственици на Powr of You.

pwou_854337S0

„Консултантската работа е најдобар учител, тој не подготви не само да се досетиме на старт-апот туку и да го претвориме во бизнис“, говори Shruti. Како консултанти, имено Shruti и Keshav  сфатиле дека многу компании заработуваат големи износи исклучиво врз основа на податоци кои ги добиваат од корисници на веб страни, посебно социјалните мрежи кои имаат пристап до големиа количина податоци за нашите навики, преференции и движења. „Се прашувавме - ако постои цел еден бизнис состав кој заработува на податоците кои, најчесто несвесно, им ги отстапуваме ние корисниците, зошто и ние корисниците не би имале финансиска корист од тоа?-говори Shruti.

Корист за корисниците и компаниите

Така настанал Powr of You, платформа која им овозможува на корисниците на Фејсбук, Твитер, и други социјални мрежи да заработат пари.

Сигурно сте забележале дека ако преку својот Гугл пребарувач пребарувате, на пример, авиокарти за Дубаи, веќе за неколку минути на вашиот Фејсбук профил или во сандачето на и-меилот ќе се појават огласи за хотели и ресторани во Дубаи. Ваквиот облик на таканаречен целен маркетинг е базиран на информации кои составот ги собира додека ние сурфаме на интернет. Постојат мноху начини на кои компаниите ги собираат нашите особини преку апликациите на нашите паметни телефони, а кои им овозможуваат пристап и до нашите фотографии, контакти, пораки, белешки и слично, преку нашите Фејсбук, Твитер, и Инстаграм профили и сите онлајн сервиси на кои им ги отстапуваме податоците за да им пристапиме. Ако мислите дека тоа не се однесува на вас, Shruti предупредува: „Ако некогаш сурфавте на интернет, многу мала е веројатноста да специјализираните маркетиншки компании не ги искористиле вашите виртуелни профили за свои истражувања и целно огласување. Веќе само внесот на вашето име или и-меил адреса им се овозможува да ја сложат корисната сложувалка. Се тоа се случува зад завесите и најчесто без наше знаење. Ја знаете ли онаа реченица : „Се согласувам“ на која мора да кликнете како би и пристапиле до некоја онлајн услуга или да продолжите со преземање на некои апликации без да сте свесни за тоа, се сложивте со тоа разни компании да имаат пристап до вашуте податоци“, говори  Shruti.

Во светот во кој зависиме од онлајн содржината како од една од основните човечки потреби за преживување тоа можеби станало невозможно да се избегне, но Powr of You овозможува целиот состав да биде барем малку фер и од него корист да имаат сите, и корисниците и компаниите.

indijci_854334S0

Составот е многу едноставна работа на страницата  www.powrofyou.com и само неколку кликови не спојуваат со веб страниците кои и онака секојдневно ги користиме и на тој начин влегуваме во составот кој ќе ги генерира нашите онлајн навики, интереси, мрежа за се она што им е интересно на компаниите во креирање на нови производи и огласувачки методи. За информациите кои им ги даваме на компаниите ние добиваме пари, кои потоа ги делиме со вас. Важно е да се сфати дека вашите лични податоци имаат вредност и ние сакаме да ја сфатите нивната вредност и моќ“, објаснува Shruti.

Како полесно би го сфатиле начинот на кој Powr of You ги користи нашите податоци, Shruti дава пример на компании кои од нас бараат информации за студенти од Хрватска на возраст од 18-25 години.

Powr of You ќе пристапи на својата база, ќе пронајде корисници кои одговараат на бараната група и ќе ги собере сите податоци правејќи ги анонимни пред да му ги отстапат на клиентот податоците кои им се потребни. Тоа ќе бидат информации за тоа колку време корисниците поминуваат на одредени веб страни, на пример или во која доба на денот се најактивни на интернет.

Кога од клиентите примат уплата за услугите за собирање на информации, парите ги делат со корисниците кои со своите податоци биле дел од истражување.

„Ние веќе работиме со две големи медиумски агенции и во преговори сме со други големи компании. Богатството на податоци со кои располагаме е многу моќно и компаниите тоа го знаат. Единствено што ни преостанува е да ги увериме корисниците колкава е вредноста на нивните лични податоци“, говори Shruti.

Анонимност

Во нивната мрежа на корисници оние повеќе посветените може да заработат и до стотина долари месечно. Секако, заработката зависи и од тоа на која група корисници и припаѓаат, односно колку таа е популарна меѓу клиентите, а тоа варира од клиент до клиент, од пребарување до пребарување.

„Она што е важно да се сфати е дека откако станат дел од нашата мрежа корисниците не мора да работат ништо повеќе отколку што досега работеа - да ги користат своите омилени веб-страни и социјални мрежи и да им пристапат кога сакаат. Се останато е на нас. И ние ја гарантираме анонимноста“, вели таа.

Powr of You неодамна е изберен во ексклузивната група на старт-ап на лабараторијата на Би-Би-Си со што во идните месеци тесно ќе соработуваат со британскиот медиумски гигант.

„Работата со таканаречениот пазар е голема шанса и за нас и за нив, бијдеќи соработката со нас ќе им даде увид во навиките на нивните гледачи со што ќе можат полесно да ја прилагодат содржината.

Освен тоа, почнуваме да работиме и со така наречени пазари во создавање, како што се Русија, Бразил, Индија и Кина , потенцијалот е голем бидејќи тоа е голем пазар кој на компаниите им останува енигма. Сепак, наш најголем успех е ентузијазмот кој го чуствуваме кај кориснците на нашите услуги кои прв пат можат на сигурен начин да заработат, а да не се помрднат од фотелја“, заклучува Shruti.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии