19 Декември, 2025
0.0370

ПОНИШТЕНИОТ ТАРИФНИК ГИ СПАСУВА ГРАЃАНИТЕ: Нотарските канцеларии заработуваат стотици илјади евра

Објавено во: Економија 01 Август, 2024 07:50

Добивај вести на Viber

Нотари во Македонија остваруваат годишни добивки и до неколку стотина илјади евра, откако ќе ги исплатат своите вработени, закупот за канцеларијата и останатите трошоци. „Фактор“ ги обезбеди податоците за најголемите остварени профити на сопствениците на нотарските канцеларии за 2023. Најпрофитабилните пет од нив се канцеларии од Скопје.


Извор: Централен регистар

Новиот министер за правда Игор Филков најави дека ќе ја повлече одлуката за давање согласност за зголемување на нотарската тарифа, донесена од претходната власт. Како што соопшти Филков на брифинг со новинарите, пред да замине од министерската функција, Кренар Лога потпишал одлука со која од први септември беше предвидено зголемување на нотарските услуги за десет пати

Поранешниот министер за правда, десет дена пред да ја напушти функцијата ги покачил нотарските тарифи за два до десет пати. Оваа одлука била објавена во Службен весник на 12 јуни, но ниту Владата, ниту Министерството не објавија официјално соопштение.

Нотарите наплатуваат според Нотарска тарифа, со која се определува наградата за работата и надоместокот на трошоците во вршењето на службените дејствија од делокругот на работата на нотарот. Вториот дел од исплататa на нотарот е нотарската награда. А тука, колку е повеќе проценет предметот, толку повеќе си добива и нотарот. 

Според сега веќе поништениот тарифник, без разлика дали предметот е во вредност од 500 денари или 50 илјади евра, за составување на нотарскиот акт граѓаните ќе плаќаа 8.000 наместо досегашните 800 денари.

Составувањето на еднострани правни акти наместо 400 денари, ќе чинеше три пати повеќе или 1.300 денари. Двојно требаше да поскапат и заверките на потпис и превод.



Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии