05 Декември, 2025
0.0426

Поп кралицата Мадона на врвот на листата според приходите кои ги оствари

Објавено во: Стил 27 Август, 2013 12:59

Добивај вести на Viber

Поп кралицата Мадона се најде на врвот на листата на славните личности според приходите кои ги оствари (125 милиони долари) во минатата година, најголем дел благодарение на турнеите одржани во целиот свет, но и на нејзините парфеми, облеката и останатите инвестиции од нејзина страна, објави Форбс.

На второ место е Стивен Спилберг со 100 милиони долари, кои ги заработи благодарение на „старата слава“ и филмовите „Е.Т“, „Паркот Јура“, но и големиот хит од минатата година „Линколн“.

Успехот на Мадона на 55 години само ја покажува неверојатна моќ на успешна музичка кариера, изјави репортерката на Форбс, Дороти Померантз.

Форбс прави годишен список на заработувачки на познатите, така што користи податоци за приходите од нивните агенти, менаџери и продуценти, не пресметувајќи ги даночните олеснувања, хонорарите на агентите и другите трошоци.

Меѓу десетте славни лица кои најмногу заработија во изминатата година се најде и писателот Џејмс Патерсон, за кој Форбс вели дека е најпродаваниот автор на сите времиња.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: