ПОПИШУВАЧИТЕ НЕМА ДА СМЕАТ ДА ПИЈАТ КАФЕ ИЛИ СОК АКО ВИ ДОЈДАТ ДОМА: Пријавувањето на реонски попишувачи завршува денес
Објавено во: Свет 25 Август, 2021 08:34
Денеска завршува јавен конкурс на Државниот завод за статистика за ангажирање реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите кој неколку пати беше продолжуван поради недоволен број пријавени кандидати.
Колкумина сега се пријавиле и дали ќе има доволно реонски попишувачи ќе се знае деновиве.
Имено, пописот треба да се спроведува од 5 септември до 30 септември 2021 година.
Пописот, како што е најавено, ќе се спроведува според здравствените протоколи издадени од Комисијата за заразни болести, а кои предвидуваат целосна заштита и на граѓаните и на попишувачите. Заради дополнителна здравствена заштита секој жители ќе има право да се попише надвор, во двор ако живее во куќа, или пред зграда или на тераса доколку живее во стан. Ако граѓанинот се одлучи попишувачите да ги прими во домот тогаш е можно само еден од нив да влезе за да се избегне гужва. Протоколите за заштита предвидуваат носење заштитна опрема, држење растојание и забрануваат послужување храна и пијалак, во смисла кафе, чај или нешто друго од страна на домаќините.
Податоците за секој жител ќе се внесуваат електронски.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




