Пописот се одложува за септември
Објавено во: Македонија 29 Март, 2021
Договорено е пописот да се одложи за септември.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска по средбата со премиерот Зоран Заев рече дека е задоволен и дека е отворена вратата за нови средби. Вели дека во борбата со невидливиот непријател кој не бира боја, вера и нација, треба да покажат државотворен капацитет.
„Главно беше да спасиме што повеќе човечки животи, и да спасиме семејства од трауми. Не сакаме да политизираме. Во животот има моменти кога консензусот е многу важен“, рече тој.
Утре ќе има измена во изборен законик кој се однесува на терминали за отисок од прст. Се согласиле да ги охрабрат преговорите за другите измени во изборниот закон, за изборен модел односно една изборна единица, отворени листи за следните локални избори, избор за градоначалник во прв круг, и гласањето на дијаспората надвор од ДКП. ВМРО-ДПМНЕ ќе работи во рамки на парламентарното мнозинство за сите закони за евроинтеграцијата, односно реформи и она што е врзано за пандемијата и мерки за помош на стопанството. Разговарале и за имунизацијата на населението. Дијаспората ќе може да се самопопишува до 30-ти септември.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.