03 Мај, 2024
0.0280

ПОПЛАВА ОД ВРАБОТУВАЊА: Кој ќе обезбеди плати за новите административци?

Објавено во: Економија 04 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

На стотици наши сограѓани новата 2019 година ќе им почне на најдобар можен начин, ќе добијат вработување на државни јасли. Во последните денови од минатата година и првите од оваа, весниците се преплавени со огласи за вработување од јавни претпријатија, државни институции, агенции, установи и управи.

Последен пример е Јавното претпријатие за државни патишта, кое распиша оглас за вработување 84 инкасанти за наплата на патарина за плата од 19.760 денари. Во друг оглас за вработување на 16 лица, ЈП за државни патишта бара кандидати за советници и референти. Тоа се вкупно 100 вработувања.

Исто така, ЈП за државни патишта распиша оглас за вработување на 16 работници на определено време до 31.12. 2019 година. Се бараат кандидати за советници за контрола на сообраќај, референти во контрола на сообраќај и референти техничари. Платите во завиност од работното место се движат од 19.760 до 33.540 денари.

Министерството за транспорт и врска ќе вработи 40 луѓе. Се бараат раководители на одделенија, на сектори, помошници на раковорители, референти, помлади референти, советници... Најниската плата е 13.166 денари за позицијата помлад референ за документација, а највисоката 31.305 денари за помошник раководител на сектор за ЕУ. Според условите во конкурсот, 10 работни места се предвидени за Албанци, 3 за Турци, едно за Роми, а останатите за Македонци.

Управата за хидрометеоролошки работи објави оглас за вработување на 11 лица на определено време до крајот на годината. Се бараат кандидати за референти, помлади референти, помлади соработници и други профили работници на повеќе локации во Македонија.

Министерството за надворешни работи бара 26 дипломати- приправници и помошно- стручни службеници

- Како што Министерството за надворешни работи веќе објави, водејќи се од начелата на меритократија, инклузивност и транспарентност, охрабруваме пријавување на што поголем број на кандидати кои ги исполнуваат условите за вработување, со цел извршување на објективна селекција на високо перспективни кадри, кои постепено ќе ги развиваат дипломатски вештини, придонесувајќи на тој начин кон успешна афирмација на Република Македонија- соопшти МНР.

Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 8 лица во Казнено- поправниот дом Идризово во кој се бараат помлади соработници, виши соработници и референти. Платите во завиност од работното место се движат од 15.689 до 23.257 денари.

Распишан е оглас за вработување на 4 државни службеници во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој каде што се бараат советници и помлади соработници.

Во оглас за вработување на 3 лица во Агенцијата за лекови и медицински средства се бараат кандидати за инспектори и помлади соработници.

На овие вработувања, треба да се додадат и планираните заменици- директори во јавните претпријатија. Како што пресметаа неколку невладини организации, финансиските имплликации за воведување на вакви позиции може да се претпостави дека би изнесувале околу 2 милиони евра годишно на товар на граѓаните на РМ, ако се земе во предвид дека во државата постојат 129 јавни претпријатија.

- Од податоците кои се јавно достапни, во 22 од овие 129 јавни претпријатија има помалку од 10 вработени. Ако се земе во предвид дека сите овие јавни претпријатија покрај директор има и управен и надзорен одбор, тоа значи дека поголем е бројот на избрани и именувани лица, од бројот на вработени кои се носители на дејноста. И сега наместо да се направи рационализација, односно да се намалат бројот на функции, се воведува нова дополнителна функција. Сите овие податоци наведуваат на заклучок дека предлогот за воведување на дополнителна функција во јавните претпријатија е нерационален- се вели во нивната реакција.

Како и да е, приватниот сектор ветува дека вредно ќе работи за да обезбеди плата за нововработените административци.


Можеби ќе ве интересира

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите