Поповски:Политиката секогаш влијае врз економијата
Објавено во: Економија 15 Мај, 2016 18:05
Сето тоа го поткопува идниот економски раст, политиката секогаш влијае врз економијата, додава тој.
„Во моментот кога политиката доживува колапс, општата политичка состојба како сега во Македонија, криза, недоверба, немање институции, надолни движење, тогаш логично дека тоа се прелева, не само во економијата, но можеби најмногу во економијата. Прво, внатрешниот пазар е дестабилизиран, штедењето е дестабилизирано, луѓето се плашат да штедат, инвеститорите уште помалку се спремни штедењето на граѓаните кое постои, преку банкарскиот систем, да го претворат во свои инвестиции. Ќе застане или ќе се намали штедењето, ќе се намалат инвестициите, што значи дека ќе почне да омалаксува економската динамика која и онака е ниска, 2-3 отсто за Македонија не е ништо, странските инвеститори ќе бидат уште попретпазливи, особено овие што се гринфилд странски инвестиции, портфолио инвестиции“ – вели Поповски..
Тој кажа дека и финансиските пазари кон Македонија ќе бидат многу попретпазливи, дали да ѝ се позајмува на Македонија, во институционалните инвеститори, Светска банка, ММФ, Европска банка итн.
„Во последните три-четири месеци на мала врата ни поминаа неколку странски инвестиции, не во Македонија, туку македонски инвестиции во странство. Ние веќе имаме одлив, во здравството имаме одлив од 100 до 150 милиони долари во Бугарија, тоа е знак дека некој својот бизнис го гледа во странство, тоа е голем одлив на девизи од Македонија, уште неколку ќе слушнете во медиумите дека некој сака да отвори фабрика во Бугарија, Србија, во Косово, што е тоа? – вели Поповски.
Според Поповски тоа е еден од сериозните знаци, ако домашниот пазар не ви е добар, бегате со капиталот во странство.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




