Поради еден заразен цел град во Нов Зеланд оди во карантин
Објавено во: Свет, Корона Вирус 27 Февруари, 2021
Поради еден заразен со коронавирусот, цел град во Нов Зеланд оди во карантин.
Оукленд повторно ќе се воведува карантин откако денес е откриен нов случај на инфекција со коронавирусот. Премиерката Жасинда Ардерн свика денес итна прес конференција за да информира за новите рестриктивни мерки. Ардерн извести дека новите порестриктивни мерки ќе бидат на сила најмалку една недела. Од утре училиштата во Оукленд ќе бидат отворени само за нужно потребните вработени. Во останатите делови на Нов Зеланд масовните собирања се ограничени на 100 луѓе и затоа ќе се спроведуваат мерки на физичка дистанца. Во Оукленд карантин имаше на 14 февруари, откако беа откриени три случаи, но рестриктивните мерки беа ублажени три дена подоцна. Државата со околу пет милиони жители досега има 2.016 случаи на инфекција со коронавирусот и 26 смртни случаи. Земјата претходно прогласи победа над коронавирусот. Во светот има повеќе земји каде имаше само неколку жртви од вирусот.
foto EPA-EFE
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.