05 Декември, 2025
0.1394

Интернет напад ја успори мрежата во цел свет

Објавено во: Стил 27 Март, 2013 19:51

Добивај вести на Viber

Експертите за кибер безбедност денеска предупредија дека во најголемиот кибер напад досега дошло до забавување на Интернет мрежата низ целиот свет. Забавувањето е последица на несогласувањата меѓу групацијата „Спамхаус“ која се бори против електронските „спам“ пораки и холандската хостинг агенција „Сајбербункер“, наведуваат експертите за кибер безбедност.

Пет национални кибер полициски сили водат истраги поврзани со нападите.

„Спамхаус“ неодамна ги блокира серверите кои ги одржува „Сајбербункер“, кои објавија дека ќе овозможат веб простор за било што, освен за содржини кои се однесуваат на детска порнографија и тероризам.

Свен Олаф Камфус, кој се претставува како потпарол на „Сајбербункер“, нагласи дека „Спамхаус“ ја злоупотребува својата позиција и дека не треба да има дозвола да одлучува што треба да биде, а што не објавено на Интернет.

„Спамхаус“ објави дека „Сајбербункер“ заедно со криминални банди од Источна Европа и Русија стои зад нападите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: