Поради што настануваат проширените вени?
Објавено во: Стил 31 Октомври, 2014 19:22
Невидливи и болни, проширените вени се вообичаен проблем кај луѓето во постарата животна доба кои имаат намалена телесна активност.
Тежина и грчеви во нозете, отоци на зглобовите и на нозете, тапа болка, чувство на трнење на нозете и јадеж, се првите знаци дека нешто не е во ред со крвотокот во нашите вени.
Станува збор за трајно проширување на крвните садови. Проширените вени може да се јават на било кој дел на телото кое има богата венска мрежа, но сепак најчесто се јавуваат на нозете.Начинот на кој настануваат проширените вени лесно може да се објасни. Крвта циркулира низ два венски системи, површински и длабински, кои меѓусебно се поврзани со ситни вени. За да крвта од нозете се врати во срцето, таа мора да ја победи силата на земјината тежа. Враќањерто на крвта од нозете во срцето се одвива благодарение на стегањето на мускулите на нозете и на притисокот на стопалата при движење. Залистоците кои се наоѓаат во sидовите на вените спречуваат крвта да се враќа назад.Ако залистоците лошо функционираат. крвта се задржува во вените и ги проширува. Може да дојде до проширување на површните вени, но и на длабоките вени на нозете.
Мерки за превенција:Прошетките, спортот, туширањето со млада вода, здравата исхрана, одморот со подигнати нозе, еластичните чорапи, посетата на лекарот, веќе при први знаци на болеста.
(Извор:kakolijeciti.com)
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





