Поради силен земјотрес луѓе завршија во болница
Објавено во: Свет 06 Октомври, 2018
Италијанскиот остров Сицилија денеска го погоди земјотрес со јачина од 4.8 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот бил на територијата на Санта Марија ди Ликодија и на длабочина од 9 километри. Неколку лица се хоспитализирани со мали повреди и во состојба на шок.
Земјотресот е почуствуван и на територијата на Катанија. Има и мали штети на фасадите на повеќе згради.
Земјотреси денеска имало во Грција, Турција, Иран, Ирак.