29 Март, 2024
0.0251

Поради скапата живеачка и ниските плати, сѐ повеќе граѓани бараат и дополнителна работа

Објавено во: Економија 11 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

На интернет има многу огласи каде граѓаните бараат дополнителна работа. Тие наведуваат какви квалификации и работно искуство имаат, а бараат да работат дополнителна работа по 16 часот или за викенди.

Некои нагласиле дека бараат дополнителна работа од 20 до 25 часа неделно, со тоа што обврските би ги обавувале наутро или навечер. Многу од овие лица живеат во главниот град. Велат дека за да си обезбедат нормален живот, потребно е да имаат дополнителни приходи, затоа што секојдневно имаме поскапувања и трошоците за живот растат. Го жртвуваат своето слободно време, за да не се стегаат од 1-ви до 1-ви и да зависат само од платата.

„Успеав да најдам дополнителна работа по два месеци и можам да кажам дека навистина е тешко. Зборувам за реална работа, со реални работни часови, а не за работа од дома. Имам редовна работа, сама сум, не сум мажена, немам деца, но со мојата плата не можам да си дозволам лагоден живот. Значи не зборувам за луксузен, туку за лагоден живот, односно да си дозволам нешто повеќе без при тоа строго да водам сметка и да се пресметувам колку и за што трошам. Тешко е да се најде дополнителна работа во Скопје, а за во помалите градови веројатно е уште потешко. Државата треба да ја регулира дополнителната работа, за да не биде тоа сива зона, сива економија, туку за таа работа уредно да се плаќаат даноци,  па и придонеси. Вака кога барав дополнителна работа, и кога ќе кажев дека сум вработена, некако газдите имаа страв да не им се јават потоа проблеми со инспекции, и не сакаа да ме примат“, вели Весна од Скопје.

Жените често бараат да чуваат деца, постари лица или да чистат со цел да заработат. Но, има и такви кои барале дополнителна работа, по што не успеале и кренале раце.

„Сите бараат втора работа поради финансии. Јас не успеав да најдам и се откажав“, додава друга скопјанка.

Преведување, правење на анкети, промовирање на производи, се само дел од ангажманите кои граѓаните ги избираат за да заработат плус.

„Наместо да одморам за викенд, често се случува да работам хонорарно, било што по пат на лични контакти, но тоа го правам за да заработам повеќе, и да бидам покомотна. Најдобро е човек да работи 8 часа, и да има сигурни и солидни проходи, но за жал во Македонија не е така“, додава Сања Михајловска.

Дека сѐ повеќе луѓе бараат  дополнителна работа, забележале и од агенциите кои посредуваат при вработување.

„Забележуваме зголемен број на огласи за хонорарно работење или вработување на пола работно време. Истовремено и интересот кај луѓето за овие огласи е голем, претпоставуваме дека на многу од луѓето во нашата држава им треба дополнителен приход на основните примања“, вели, Зорица Бужаровска Бошковска, генерален директор на KARIERA.mk.

Во месец април Македонија имала двоцифрена инфлација, што покажува дека стандардот на граѓаните паѓа. Државниот завод за статистика(ДЗС)  објави податоци дека индексот на трошоците на животот во април 2022 година, во однос на април 2021 година, бележи зголемување од 10.5 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 11.1 отсто. Инфлацијата во Македонија во споредба со просечната инфлација во Европа е далеку поголема.

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за април 2022 година изнесува 38.104 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат