19 Декември, 2025
0.0574

Jапонскиот јен слабее, производството на Тојота расте

Објавено во: Свет 23 Март, 2013 14:22

Добивај вести на Viber

Најголемиот јапонски и светски автомобилски производител Тојота го зголемува производството за околу десет проценти. Од компанијата планираат во Јапонија да произведат, во периодот од април до септември, нови 2,5 милиони возила односно за 200 илади повеќе од претходно планираните, пишува бизнис весникот „Nikkei“. Според весникот, слабоста на јапонскиот јен во последно време ќе го поттикне извозот на Тојота во САД, но и на Блискиот Исток. Минатата година Тојота си ја врати титулата за најголем производител на автомобили во светот, надминувајќи го американскиот производител „General Motors“ и германскиот „Volkswagen“. Скапата фискална и монетарна политика на јапонскиот премиер Шиндзо Абе доведе во последните месеци до силен пад на курсот на јенот. Со тоа јапонските компании добија можност за полесен извоз на странските пазари, бидејќи слабиот јен  поевтини дел од јапонските производи во странство. Сепак Јапонија трпи меѓународни критики поради својата монетарна политика. Во меѓувреме, во извештајот на јапонската Асоцијација на автомобилска индустрија се вели дека локалните автомобили го прошируваат своето производство во странство, каде минатата година биле склопени 62 проценти од јапонските автомобили. Осум јапонски компании од автомобилскиот сектор во 2012 година во странство произвеле над 15,43 милиони автомобили. Тоа е за 18 проценти повеќе во однос на претходната година.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја