27 Ноември, 2024
0.0327

Поради три причини Москва не му помогна на Кипар

Објавено во: Свет 02 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Има три причини поради кои Русија не избрза да му помогне на Кипар, смета хардварскиот професор Јуриј Жуков.

- Москва дозволи да исчезнат четири до шест милијарди евра, наместо да преземе мерки за да го заштити даночниот рај за многу нејзини „крупни“ инвеститори. Министерот за финансии на Кипар Михаил Сарис на 19 март пристигна во Москва во обид да го спаси банкарскиот сектор на земјата од банкрот. Министерот побара нова финансиска помош во замена за доделување право за експлоатирање на природен гас, делови во кипарските банки и трговски прерогативи во енергетиката. Два дена подоцна тој си замина со празни раце, пишува Жуков во статија за списанието „Форин аферс“

Потоа следуваше спогодбата со Европската унија, која предвидува одземање на милијарди евра од сметките на богати Руси и замрзнувње на уште неколку милијарди во кипарските банки, пишува Жуков.

Хардварскиот професор нагласува дека за повеќе западни набљудувачи одбивањето на Москва да го прифати предлогот на Никозија била стратешка грешка.

- Русија можела да го зајакне стратешкото присуство во една земја, имајќи ја предвид важноста на источниот Медитеран. Зошто сепак не го стори тоа?, прашува тој.

Авторот на статијата изнесува три појаснувања. Првото е дека не било јасно дали навистина бил ставен некаков кипарски предлог на преговарачката маса, второто е дека Русија не верувала дека една спогодба во последен момент би можела да ја промени судбината на Кипар и трето е дека било проценто дека загубите на Русија од уривањето на кипарскиот банкарски сектор нема да бидат катастрофални.

Со други зборови, според Жуков, одлуката на Москва да ја отфрли спогодбата со Кипар е во служба на долгорочните интереси на Русија.

Според професорот генералното уверување во Русија е дека одлуката за промена на банкарскиот систем на Кипар била донесена во Европа пред неколку години. Фактичката дилема на Москва била дали да го загуби даночниот рај или да „влева пари во едно буре без дно“.

Затоа таа ја избрала стратегијата, според која ќе ги минимизира загубите. Последните оценки ја зголемуваат таа загуба на Русија на четири до шест милијарди евра.

- Со сигурност тоа е голема сума, која сепак е многу помал проблем од тие со кои се соочува земјата. Бегството на капитал во 2012 година ја чини економијата 44,5 милијарди евра, а во 2011 година 63 милијарди евра, додава тој.

„Несреќата“ на Русија во Кипар почна на почетокот на ’90-те години од минатиот век, кога банкарскиот систем на земјата се тресеше, плаќањата во странска валута беа речиси невозможни, а многу Руси отворија офшор сметки. Оттогаш системот се стабилизира, но користењето на офшор сметки не престана.

Во декемри минатата година претседателот Владимир Путин одлучи да го реши ова прашање и предложи офшор зона во источните области на Русија. Идејата не е нова со оглед на тоа дека Русија веќе има над 20 специјални економски зони, кои им овозможуваат даночни олеснувања на инвеститорите.

- Сето ова што досега се случи не значи дека присуството на Русија во Кипар заврши. Додека Кипар минува низ тешки денови, потребата од надворешна политичка поддршка ќе го принуди повторно да ги зајакне односите со својот покровител. Излегувањето на Русија од островот на Афродита можеби ќе биде само за кратко време, заклучи Жуков.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БРИТАНИЈА ТАЈНО ДОСТАВИЛА РАКЕТИ НА КИЕВ: Колку „Сторм Шедоу“ имаат на располагање?

БРИТАНИЈА ТАЈНО ДОСТАВИЛА РАКЕТИ НА КИЕВ: Колку „Сторм Шедоу“ имаат на располагање?

ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН: Што пишува Меркел во нејзините Мемоари?

ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН: Што пишува Меркел во нејзините Мемоари?

ПАРИЗ И ЛОНДОН КРОЈАТ ПЛАН ЗА УКРАИНА: Можно е да испратат војници во оваа земја

ПАРИЗ И ЛОНДОН КРОЈАТ ПЛАН ЗА УКРАИНА: Можно е да испратат војници во оваа земја

ДЕЛОВНИТЕ ЛУЃЕ ДА ПОДГОТВАТ „ВОЕНО СЦЕНАРИО“ – СОВЕТ ОД НАТО АДМИРАЛ: „Армиите добиваат битки, а економиите добиваат војни“

ДЕЛОВНИТЕ ЛУЃЕ ДА ПОДГОТВАТ „ВОЕНО СЦЕНАРИО“ – СОВЕТ ОД НАТО АДМИРАЛ: „Армиите добиваат битки, а економиите добиваат војни“

„ТРАМП И ПУТИН - СУЕТНИ ДЕЦА, СЕ ОБИДОА ДА МЕ ПОНИЖАТ“: Ова се 8 клучни работи што ги научивме од мемоарите на Ангела Меркел

„ТРАМП И ПУТИН - СУЕТНИ ДЕЦА, СЕ ОБИДОА ДА МЕ ПОНИЖАТ“: Ова се 8 клучни работи што ги научивме од мемоарите на Ангела Меркел

ТРАМП ПОТВРДИ: Една од првите мерки ќе биде зголемување на царините за производите од Кина, Канада и Мексико

ТРАМП ПОТВРДИ: Една од првите мерки ќе биде зголемување на царините за производите од Кина, Канада и Мексико

„РУСИЈА ИСПРАТИ НУКЛЕАРНА ПОРАКА“: Ова може да го доведе светот до катастрофа, сеизмичка ескалација помеѓу Путин и Бајден

„РУСИЈА ИСПРАТИ НУКЛЕАРНА ПОРАКА“: Ова може да го доведе светот до катастрофа, сеизмичка ескалација помеѓу Путин и Бајден

СЕ СПРЕМА ЛИСТА НА БУНКЕРИ: Тензиите со Русија ги натера Германците да прават список за итни засолништа

СЕ СПРЕМА ЛИСТА НА БУНКЕРИ: Тензиите со Русија ги натера Германците да прават список за итни засолништа

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин