19 Декември, 2025
0.0451

Поранешниот функционер Бахчовановски ќе управува со ексклузивниот ноќен клуб „Мош“

Објавено во: Економија 06 Септември, 2023 07:50

Добивај вести на Viber

Владимир Бахчовановски ќе управува со ексклузивниот ноќен клуб „Мош“ на улица Дебарца во центарот на Скопје, преку новорегистрирана подружница. Порано тој беше директор на ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор, на ЈП Македонски шуми, како и на Државната видеолотарија,

Ова е наведено во новоотворената подружница на фирмата Урбан Гарден со Бахчовановски регистриран како нов управител. Станува збор за фирма со нов назив која претходно го носела името „Макс Бет Кафе“. 

Од „Мош“ неофицијално ни одговорија дека станува збор за привремено решение и дека во овој момент на угостителскиот објект му претстои големо менување на изгледот до декември, за кога се очекува повторно да продолжи да работи.

Бахчовановски покрај тоа што беше висок функционер на претходната власт, досега беше познат и како директор на обложувалниците „МаксБет“ со свој удел.

Ноќниот клуб „Мош“ од неодамна има нови сопственици. Во купопродажна трансакција бизнисменот и основач на „Неуромедика“ – Емил Угриновски заедно со бизнис партнер од Скопје стекнале 95% од сопственоста на локалот. Останатите 5 отсто остануваат во сопственост на претходните менаџери на „Мош“. 

Неофицијално, купопродажбата е направена пред три седмици, реновирањето на локалот ќе започне наскоро и пред почетокот на зимата тој ќе треба да понуди нови содржини и нов концепт за работа. Според информациите новиот концепт на „Мош“ ќе биде направен по теркот на популарните белградски локали. Освен секојдневна вечерна програма „Мош“ ќе функционира и со денски „лаунч“ концепт. 

Изминатиот период клубот беше на удар од јавноста и општински служби. Поради гласната музика, а по реакциите на граѓаните, инспекциите служби на Општина Центар во неколку наврати изрекуваа парични санкции.

Александар Кузмановски


Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?