22 Септември, 2020
0.0207

Поранешниот министер Горан Сугарески ќе биде прв човек на Царината, со АЕК ќе директорува Фестим Халили

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2020

Нов директор на Царинската управа најверојатно ќе биде Горан Сугарески, велат за Фактор неофицијални извори.

Како што е познато, Сугарески во претходниот владин состав беше министер за транспорт, а уште кога се објави новиот владин тим, тој за Фактор изјави дека се разговара за негов натамошен ангажман, онаму каде што би можел да даде најголем придонес. 

Според овие извори, со „златната кокошка“, Агенцијата за електронски комуникации, ќе директорува Фестим Халили, сегашен директор на Македонски Железници Инфраструктура. 

Со уште една престижна државна компанија, пак, МЕПСО, која се занимава со пренос на електрична енергија, ќе раководи Бесим Кока. Фактор веќе пишуваше дека Кока е најсериозен кандидат за оваа државна компанија. Кока моментално е финансиски директор на Здравствен дом - Скопје, а во здравствените институции е речеиси две децении. 

Кока е истакнат член на партијата, дел од крилото на Изет Меџити, поранешниот градоначалник на Чаир со кој се и во блиски роднински односи, односно Кока му е зет на Меџити.

Со Цернтарот за управување со кризи, пак, според нашите информации, ќе директорува Бардул Насуфи, екс директор на Бирото за јавни набавки.

На местото прв човек на Државниот инспекторат за труд би дошол Хади Фетиши, екс шеф на општински инспекторат Тетово.

На местото, пак, директор на Управата за водење на матичните книги би дошол Амир Шабани, со Агенција за млади и спорт би управувал Авни Рустеми, претседател на младина на ДУИ, а со Центарот за образование на возразни, Нагип Назмиу.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Koроната се појави и во тетовската градинка

Koроната се појави и во тетовската градинка

Во Европа се враќаат рестрикциите, Македонија размислува за истото

Во Европа се враќаат рестрикциите, Македонија размислува за истото

Топалов за Македонците: Не знам дали ни се браќа, тие ни се веќе братучеди

Топалов за Македонците: Не знам дали ни се браќа, тие ни се веќе братучеди

Никола Димитров: Овие денови ќе пристигнат 40 милиони евра грант

Никола Димитров: Овие денови ќе пристигнат 40 милиони евра грант

ЗА КРАЖБАТА НА МРТОВЕЦОТ ВО СТРУМИЦА: Jавното обвинителство засега го утврди идентитетот на три лица

ЗА КРАЖБАТА НА МРТОВЕЦОТ ВО СТРУМИЦА: Jавното обвинителство засега го утврди идентитетот на три лица

Диме Велковски се враќа во Собранието - ќе биде пратеник и следните четири години

Диме Велковски се враќа во Собранието - ќе биде пратеник и следните четири години

Лиза Шаќири до Груби: Не не омаловажувајте, ние Албанците сме кадарни за работа

Лиза Шаќири до Груби: Не не омаловажувајте, ние Албанците сме кадарни за работа

Најмногу „увезени“ ковид случаи од Албанија

Најмногу „увезени“ ковид случаи од Албанија

88 Новозаразени и петмина починати пациенти од ковид: Најнова статистика

88 Новозаразени и петмина починати пациенти од ковид: Најнова статистика