16 Декември, 2025
0.0361

Кока од Здравствен дом нов директор на МЕПСО, Дураки оди во М-Нав?

Објавено во: Македонија 07 Септември, 2020 11:27

Добивај вести на Viber

Бесим Кока од ДУИ е најсериозен кандидат за иден директор на државната компанија за пренос на електрична енергија МЕПСО. Кока моментално е финансиски директор на Здравствен дом - Скопје, а во здравствените институции е речеиси две децении. 

На почетокот, во 2001 година, бил финансиски директор во старата Градска болница, сега „Универзитетска клиника за хируршки болести Свети Наум“ во време кога на чело на болницата беше Виктор Камиловски.

Кока е истакнат член на партијата, дел од крилото на Изет Меџити, поранешниот градоначалник на Чаир со кој се и во блиски роднински односи, односно Кока му е зет на Меџити.

Ако Кока замине, според нашите информации во Здравствен дом Скопје повторно ќе биде назначен кадар на ДУИ на местото финансиски директор.

Фактор веќе објави дека во новата распределба на директорски места ДУИ ги добива МЕПСО, М-НАВ, Малмед

Според нашите информации можно е на чело на М-НАВ институција која раководи со контролата на летање да застане Садула Дураки, поранешниот министер за животна средина и просторно планирање и екс вицепремиер за политички систем.

А.Б. - А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење