Поранешниот сопруг, девер и свекор обвинети за убиство на манекенката Аби Чои, главата пронајдена во тенџере за супа
Објавено во: Свет 27 Февруари, 2023
Четири члена од едно семејство се обвинети за грозоморното убиство на манекенката од Хонг Конг, Аби Чои. Тие веќе се уапсени, и се појавиле во судот откако полицијата соопшти дека пронашла делови од нејзиното распарчено тело, објави Си-Ен-Ен.
За нејзиното убиство обвинети се поранешниот сопруг на Чои, Алекс Квонг (28), неговиот брат Ентони (31) и нивниот татко Квонг Кау (65). Мајката на Алекс Квонг, Џени Ли (63) е обвинета за изопачување на текот на правдата, пренесуваат медиумите.
На сите четворица им беше одбиена кауцијата, одлучи градскиот суд во Коулун, тие допрва треба да се изјаснат.
Во неделата, инспекторите идентификуваа череп, неколку ребра и коса, за кои се верува дека се останки на Чои, во голем сад за супа од нерѓосувачки челик, соопшти полицијата. Други делови од телото, вклучително и торзото и рацете на Чои, остануваат исчезнати.
Пребарувањето следеше по полициската истрага што започна во средата откако Чои (28) беше пријавена за исчезната.
Два дена пријавата дека е исчезната, делови од нејзиното тело биле пронајдени во куќа во градскиот кварт Таи По, соопшти полицијата. Во домот биле пронајдени и машина за сечење месо, електрична пила и облека, соопшти полицијата.
Поранешниот сопруг на Чои беше уапсен во саботата на пристаништето на траект на еден од оддалечените острови во градот, соопшти полицијата. Неговиот брат и родителите беа уапсени во петокот.
I bring you the face of the murders. Ex husband, brother in law, father and mother. pic.twitter.com/JusuKSQn4O
— Ari (@chinchoppah) February 26, 2023
Петтиот осомничен, 47-годишна жена, е уапсена во неделата во врска со случајот, соопшти полицијата.
Чои беше модел и влијателена на социјалните мрежи со повеќе од 100.000 следбеници на Инстаграм. Неодамна се појави како модел на дигитална насловна страница на луксузниот магазин L’Officiel Monaco и присуствуваше на овогодинешната модна недела во Париз.
Случајот стана многу популарен во градот во текот на викендот бидејќи страшните детали од истрагата доминираа во насловите во локалните медиуми и илјадници луѓе оставија сочувство на профилите на Чои на социјалните мрежи.
Судот го одложи разгледувањето на случајот за 8 мај за да овозможи понатамошна полициска истрага.
Фото: Принтскрин/Твитер