ПОРАСНАЛ ИЗВОЗОТ: Што извезуваме најмногу и во кои држави?
Објавено во: Економија 04 Април, 2017
Извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари-февруари 2017 година, чини 43 272 293 илјади денари и бележи пораст од 10.6% споредбено со истиот период лани.
Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-февруари 2017 година е 58 694 507 илјади денари што е за 14.4% повеќе во споредба со истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-февруари 2017 година, изнесува 15 422 215 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-февруари 2017, изнесува 73.7%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Во периодот јануари-февруари 2017 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, и Бугарија.