15 Јуни, 2025
0.0284

ПОРОЕН ДОЖД, ГРМЕЖИ, СИЛЕН ВЕТЕР И ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ НА ИЛИНДЕН И ЗА ВИКЕНДОВ: Еве кои делови од Македонија ќе бидат погодени, во Скопје до 40 степени

Објавено во: Македонија 02 Август, 2024 08:54

Добивај вести на Viber

Поради продор на поладен атмосферски фронт на висина, денеска особено во северните предели, а за време на викендот, особено во сабота на повеќе места во попладневните часови ќе има развој на грмотевични облаци кои ќе условат локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

-Во ваква ситуација, локално ќе има појава на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и со појава на град. Токму поради ова, апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни, односно, во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. И во Скопската котлина денеска, како и за време на викендот, особено во сабота во попладневните  и во вечерните часови ќе има развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме. Што се однесува до температурите, тие остануваат многу високи и насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина тие ќе се искачат  и до околу 40 степени. Сосема мал пад на температурите ќе има од недела, но и понатаму тие ќе бидат многу високи и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, вели Попоски во последната објава за временската состојба во земјава.


Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ КРАДЕЛЕ ВО АВСТРИЈА: Се „офајдиле“ со готовина, накит и други скапоцени предмети

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ КРАДЕЛЕ ВО АВСТРИЈА: Се „офајдиле“ со готовина, накит и други скапоцени предмети

МИЦКОСКИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ: Можно е СДСМ да остане без ниедна општина!

МИЦКОСКИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ: Можно е СДСМ да остане без ниедна општина!

ГУЖВИ НА ГРАНИЦА: Koлку се чека на Табановце и на Богородица?

ГУЖВИ НА ГРАНИЦА: Koлку се чека на Табановце и на Богородица?

НА ВЕЧЕРА СО СЕМЕЈСТВОТО ПОКРАЈ БАЗЕН: Градоначалникот на Гази Баба го прослави својот роденден

НА ВЕЧЕРА СО СЕМЕЈСТВОТО ПОКРАЈ БАЗЕН: Градоначалникот на Гази Баба го прослави својот роденден

АКО НЕКОЈ СЕПАК СЕ РЕШИ ГРАДОТ ДА ГО ЗАМЕНИ СО СЕЛО: Ова се прашањата кои треба да си ги постави

АКО НЕКОЈ СЕПАК СЕ РЕШИ ГРАДОТ ДА ГО ЗАМЕНИ СО СЕЛО: Ова се прашањата кои треба да си ги постави

ЗА 11 ЛИЦА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ПОСТАПКАТА Е ЗАПРЕНА: Меѓу нив е и Панчо од ДНК

ЗА 11 ЛИЦА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ПОСТАПКАТА Е ЗАПРЕНА: Меѓу нив е и Панчо од ДНК

ИМА КРИЗЕН ШТАБ ВО МНР ЗА ЕСКАЛАЦИЈАТА МЕЃУ ИРАН И ИЗРАЕЛ: Нашите државјани строго да ги следат националните портали за итни случаи

ИМА КРИЗЕН ШТАБ ВО МНР ЗА ЕСКАЛАЦИЈАТА МЕЃУ ИРАН И ИЗРАЕЛ: Нашите државјани строго да ги следат националните портали за итни случаи

Мицкоски: „Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна“

Мицкоски: „Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна“

НАЈДОБРИОТ МАКЕДОНСКИ ПЕДИЈАТАР – ПРОФЕСОР СОФИЈАНОВА: Освен што ги лекува бебињата од само еден ден, таа има и висок моден стил

НАЈДОБРИОТ МАКЕДОНСКИ ПЕДИЈАТАР – ПРОФЕСОР СОФИЈАНОВА: Освен што ги лекува бебињата од само еден ден, таа има и висок моден стил