05 Декември, 2025
0.0338

Порше го претстави 918 Spyder – новиот хибриден супер-автомобил!

Објавено во: Стил 10 Септември, 2013 18:49

Добивај вести на Viber

Порше (Porsche) ја  конечно ги откри сите детали во врска со новиот хибриден супер-автомобил Porsche 918 Spyder . На крајот стана јасно дека моделот ќе се потпира на вкупна моќност од 887 КС , при потрошувачка на гориво од само 3 литри на 100 километри . 918 Spyder позајми голем дел од компонентите од тркачките автомобили од оваа марка - шасијата , конструкцијата на V8 моторот и елементите од јаглеродни влакна во каросеријата . Бензинскиот V8 мотор со моќност 608 КС, електромоторот и  електричниот агрегат, заедно му обезбедуваат на 918 Spyder пет режими на работа. Првиот е чисто електричен  E -Power , кој и овозможува на машината да помине 20-30 километри само на струја , а максималната брзина може да достигне 150 км. на час. Кога батериите ќе почнат да се истрошуваат , возилото само префрла на вториот - хибриден режим. Тој е прилагоден за економично возење , па затоа електромоторите се вклучуваат во секоја прилика и му овозможуваат на бензинскиот мотор „да се одмора " . Тоа се менува во режимот „Спорт " , при кој бензинскиот мотор е вклучен постојано.Следните два режими се наменети исклучиво за брзо возење. Не смее да се заборави дека сепак станува збор за хибрид. Литиум- јонските батерии на моделот може да бидат полни за 4 часа од електричната мрежа со напон 230 волти. Има и можност за брзо полнење - за околу 25 минути. Цената на моделот засега не се открива.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: