Портфолио инвестиции: Колку вложиле државата, граѓаните и фондовите во странски акции
Објавено во: Економија 11 Април, 2019 07:00
Граѓаните, државата, државните фондови и приватните пензиски фондови и Народната банка вложиле во странски акции и должнички хартии од вредност над 320 милиони евра, покажуваат последните податоци од Народната банка. Толку пари на крајот на минатата година се водат како портфолио инвестиции. Во нив се бројат вложувањата на граѓаните на нашата земја во акции или удели во иневстициски фондови, но и вложувањата во должнички хартии од вредност.
Според бројките од Народната банка на крајот на минатата година од тие 321 милион евра кои се водат како портфолио инвестиции, најголем дел се вложени во Соединетите американски држави (САД) или наши резиденти таму во хартии од вредност вложиле речиси 230 милиони евра. Од оваа сума целата е влог во сопственички капитал и акции односно удели во инвестициски фондови.
Следува Германија каде влогот на резиденти во харти од вредност изнесува 44,5 милиони евра, а 11,2 милиони евра се вложувања во Франција. Инаку во Австрија вкупниот волг е над 11 милиони евра, но тој во целост е влог во доолгорочни должнички хартии од вредност.
Инаку досега граѓаните купуваа акции во странство само преку фондовите, а се сопственици на странски хартии и од вредност како осигуреници во некој од приватните пензиски друштва. Така најголем дел од овие портфолио инвестиции сепак се на државата и другите институции.
Од неодамна откако Македонија пристапи во втората фаза од Договорот за стабилизација и асоцијација граѓаните и како физички лица ќе можат да купуваат капитал и имот надвор од државата.
А.Т.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




