20 Декември, 2025
0.0425

Португалија: Судот го блокираше најавеното намалување плати и пензии

Објавено во: Свет 07 Април, 2013 16:22

Добивај вести на Viber

Португалскиот Уставен суд по втор пат ги блокираше владините планови за намалување на платите на државните службеници и пензиите, соопшти Блумберг. Според пресудата ваквата мерка е спротивна на португалскиот Устав. Барањето за намалувањето на трошоците е утврдено во планот за помош од ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во вредност од 78 милијарди евра. Мерката требаше да донесе исполнување на целите во однос на буџетскиот дефицит до крајот на оваа година. Минатата година судот ја запре Владата да ги намали платите на државните службеници, во износ на две плати, за 2013 и 2014 година. Овие планови беа прогласени од страна на Уставниот суд како "нарушување на принципот на еднаквост и фер распределба на јавните должности", истакна претседателот на судот Хоаким Соуса Рибеиро. Судот за неуставно го прогласи и намалувањата на помошта за невработеност и инвалидност. Португалската влада се обидува да се бори со растечката невработеност и намалувањето на побарувачката од традиционалните трговски партнери во Европа. Една од мерките во оваа насока оди кон зголемување на даноците, за да бидат остварени целите утврдени во договорот на меѓународната кредиторска тројка.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја