27 Ноември, 2024
0.0300

Посебна стратегија за привлекување туристи за секој град

Објавено во: Економија 16 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Министерството за економија заедно со  претставниците на туристичките агенции и сопствениците на хотелите ќе прави посебна стратегија за секој град за да привлече што е можно повеќе туристи  во градовите каде засега нема голем број на туристи.

- Ова е нова иницијатива на Министерството за економија. Денеска се сретнавме со претставници на туристичките агенции и сопственици на хотели од Струшкиот регион за заедно да видиме како можеме уште повеќе да привлечиме странски туристи, изјави министерот за економија Ваљон Сарачини по средбата.

Тој посочи дека Владата  активно работи за привлекување на странски туристи, а тоа, како што кажа, го покажува и последната мерка за проширување на листата на земји  за добивање на субвенции.

- Освен земјите од Бенелукс ја проширивме листата и за земјите од Скандинавија. Очекуваме дека заедно со туристичките  работници ќе успееме оваа година да го зголемиме бројот на туристи. Наша крајна цел  согласно Стратегијата за развој на туризмот е до 2020 година учеството  на туризмот во БДП да достигне до 5 проценти, рече Сарачини.

Во Статегијата за развој на туризмот во 2013 и 2014 година, како што информира, предвидени се точни мерки и активности како може да се понуди поквалитетна туристичка понуда за странските туристи.

- Има конкретни активности  не само за централната, туку и за локалната власт. Има акциски план со точни рокови  и се што треба да се направи во наредниот период. Се работи за развој на зимскиот, летниот, руралниот, алтернативниот и еко туризмот, појасни Сарачини.

Министерството за економија, додаде,  денеска отвори канцеларија која им ќе пружа  техничка помош на сите туристички агенции кои до сега имаа проблеми со пополнување на сите формулари и апликации за добивање на субвенции.

- Многу од туристичките агенции се жалеа дека не добиваат субвенции  токму заради нерегуларности во делот на пополнување на формуларите и апликациите. Затоа отворањето на канцеларијата е мерка која ќе доведе до подобрување на целокупниот туристички амбиент во државата, порача Сарачини.

Аркан Керим од туристичкат агенција Генерал Турист од Струга како клучен проблем за развој на турзимот во струшкиот регион ја истакна иснфраструктурата.

- Државата треба да ги направи патиштата, особено патот од Скопје до Охрид. Ако се подобри инфрастурктурата ќе има огромен процент на зголемување на туризмот, изјави Керим.

Тој ја поздрави иницијативата на Министерството за економија и додаде дека Владата со субвенциите  кои ги дава за привлекување на странски туристи го зголеми поттикот и развојот на туризмот во Македонија.

- На денешната средба се договоривме да имаме студиски план и настап во Струга како и што да направиме за да го зголемиме бројот на туристи во струшкиот регион. Максимално ќе бидеме вклучени да помогнеме со свои предлози, рече Керим.

Во моментов, како што истакна, Генерал Туристи претежно носи гости од Турција. Годинава планираат  да донесат околку 10.000 туристи од Турција и од Холандија, но имаат и најава за гости од Германија.

- Генерално гледано во Охрид има повеќе сместувачки капацитети и не е можно да се споредува бројот на туристи и ноќевања во Охрид и Струга. Сепак со новите објекти што се градат во Струга во наредните години ќе се изедначи бројот на туристи во двата града, рече Керим.

Статистичките податоци  покажуваат дека во февруари 2013 година во однос на истиот месец од  минатата година во Македонија има зголемување на бројот на туристи за 8,7 проценти. Минатата година учеството на туризмот во БДП изнесуваше 1,4 проценти.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

„КОСТАЛ“ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ПРОЕКТИ ПОВРЗАНИ СО „ФОЛКСВАГЕН“ И „МЕРЦЕДЕС“: Еве што ќе се работи со новите инвестиции

„КОСТАЛ“ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ПРОЕКТИ ПОВРЗАНИ СО „ФОЛКСВАГЕН“ И „МЕРЦЕДЕС“: Еве што ќе се работи со новите инвестиции

ЕВЕ КОЈ НА БАЛКАНОТ ПЛАЌА НАЈЕВТИНО ГОРИВО: Македонија е втора на листата

ЕВЕ КОЈ НА БАЛКАНОТ ПЛАЌА НАЈЕВТИНО ГОРИВО: Македонија е втора на листата

Вработени во АЕК тријат раце, ќе им се зголемуваат платите за 20 отсто

Вработени во АЕК тријат раце, ќе им се зголемуваат платите за 20 отсто

НАЈМАЛКУ 250 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Костал ја започнува третата инвестициска фаза

НАЈМАЛКУ 250 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Костал ја започнува третата инвестициска фаза

ЕК СЕ ЖАЛИ НА ОДЛУКАТА НА КИНА: Макрон вели „чиста одмазда“

ЕК СЕ ЖАЛИ НА ОДЛУКАТА НА КИНА: Макрон вели „чиста одмазда“