Посебно обраќање на Апостол Симовски до етничките Македонци пред пописот: Само тука можете слободно да се изјасните што сте
Објавено во: Македонија 26 Март, 2021
Директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, преку посебно обраќање ги повика етничките Македонци да не потпаднат под влијание на повиците за бојкот на пописот на резидентното население, за кои вели дека „целта им е државата да ја стават што подлабоко во кал“.
- За жал во последно време се поинтенизвна е негативната кампања, но да не ги слушате ваквите повици на демотивација. Се обраќам директно до Македонците. Почитувани, живеете во единствената држава каде што слободно можете да се изјасните како Македонци. Тука ја имате таа можност без никаков притисок. Да ги заборавите овие повици на бојкот и дека ќе се заболите. Повеќе пати повикавме дека ќе ги почитуваме протоколите и дека нема да придонесеме епидемијата да се рашири. Секаде каде што има можност за отворен простор, тоа таму ќе го направиме, рече Симовски.
Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека повикувањето на бојкот е кривично дело, согласно одредени закони, ако има основа и дека заводот ќе ги пријавува сите кои повикуваат на бојкот.
Доколку има услови, ќе започне навремено вакцинацијата на 6.000-те илјади попишувачи, но поради нивната голема бројка Симовски би прифатил и кратко одложување на пописот.
- Ако може да се организира брз процес, јас ќе бидам пресреќен. Не би правел проблем за кратко пролонгирање заради тоа, рече тој.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.