20 Декември, 2025
0.3309

Пошта тоне во загуби: Умира ли некогашната „златна кокошка“

Објавено во: Економија 17 Септември, 2020 11:27

Добивај вести на Viber

Поради пандемијата, а сега и поради затворањето на Еуростандард банка - Пошта тоне и генерира загуби. Ејуп Рустеми, првиот човек на Пошта на Северна Макеоднија во интервју за Слободен печат вели дека со здравствената криза се случил огромен пад на приходите на поштенските услуги, и во домашниот, а особено во меѓународниот поштенски сообраќај. Во првата половина од годината друштвото има загуба од 52,5 милиони денари или над 850 илјади евра. 

Рустеми вели дека дополнително ги погодило затворањето на Еуростандард банка и дека ликвидноста на друштвото е намалена.

Поради неработењето на Еуростандард банка на шалтерите на Пошта од 12 август годинава, не можеме да ги обезбедиме финансиските услуги и услугите на платниот промет за многу граѓани и правни лица. Остварените приходи во првите шест месеци од 2020 година од овие услуги што Пошта се уште не може да ги обезбеди, изнесуваат 110 милиони денари и претставуваат 19,4 проценти од нашите вкупни приходи. Овде сакам да напоменам дека повеќе од 870 вработени во Пошта целосно или делумно извршуваа работни обврски поврзани со обезбедувањето на наведените услуги. Приходот остварен од овие услуги обезбедува плата за околу 560 вработени во Пошта. Искрено жалам за настанатата ситуација, за сите граѓани и фирми, корисници на нашите услуги, со кои имавме одлична соработка, а кои сега се оневозможени тоа да го прават на шалтерите на Пошта, вели Рустеми.

Додава дека сега е вистинско време за модернизација на поштата.

По се уште неофицијалната поделба на директорските места меѓу двете владини коалициони партии СДСМ и ДУИ, по долги години, Пошта сега ќе биде раководена од кадар од македонскиот политички блок.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба