ПОСКАПУВААТ НЕДВИЖНИНИТЕ ВО ТУРЦИЈА: Најбарани се имотите во Истанбул, Анкара и Измир
Објавено во: Свет 18 Март, 2024
Во Турција, цените на недвижностите се зголемиле во просек за 68 отсто на годишно ниво. Тоа особено се однесува на Истанбул, Анкара и Измир каде што во јануари имало раст од 1,3 до 2, 8 отсто во однос на претходниот месец.
Централната банка на Турција објави нови податоци кои се однесуваат на цените на недвижностите.
Цените на становите кон крајот на 2023 година ги коментираше и гувернерката на Централната банка на Турција, Хафизе Гаје Еркан која изјави дека и покрај сите обиди не може да пронајде соодветен стан во Истанбул.
Недвижен имот во Турција купуваат и странците.foto freepik.com