17 Мај, 2024
0.0287

ПОСКАПУВАЊАТА УДРИЈА И ВРЗ СТАНДАРДОТ НА ЕВРОПЕЈЦИТЕ - обемот на трговијата на мало намален во цела Европска унија

Објавено во: Економија 08 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Во текот на месец февруари 2024 година, во споредба со јануари 2024 година обемот на трговија на мало се намалил за 0,5 проценти во еврозоната и за 0,4 отсто во ЕУ, покажуваат најновите проценки на Евростат, статистичкиот завод на Европската унија.

Споредбата на годишно ниво покажува уште поголем пад на потрошувачката. 

Во февруари 2024 година во споредба со февруари 2023 година, календарски прилагодениот индекс на продажбата на мало е намален за 0,7 проценти во еврозоната и за 0,2 отсто во Европската унија - објави „Евростат“.

Во еврозоната во февруари 2024 година, во споредба со јануари 2024 година, обемот на трговијата на мало е намален кај храната, пијалоците и тутунот за 0,4 отсто. Намалување има и кај непрехранбените производи (освен автомобилско гориво) за 0,2 проценти, но и кај автомобилско гориво во специјализирани продавници за 1,4 отсто. 

Што се однесува на целата унија, намалување на обемот на трговијата на мало има кај истите категории, и тоа кај храната, пијалоците и тутунот за 0,5 проценти. Кај непрехранбените производи (освен автомобилско гориво) за 0,1 отсто, додека кај автомобилското гориво во специјализирани продавници за 0,9 проценти.

Што покажуваат месечните споредби по земја членка?

Меѓу земјите-членки за кои се достапни податоци, најголемо месечно намалување на вкупниот обем на трговија на мало е забележано во Германија со пад од 1,9 отсто, по што следува Белгија со намалување од 1,8 проценти и Кипар со 1,1 отсто пад. 

Највисоки зголемувања се забележани во Полска каде има месечно зголемување на обемот од 1,4 проценти, по што следуваат Хрватска со 1,2 отсто и Естонија 1 процент раст.

Годишна споредба по сектор и по земја-членка

Во еврозоната во февруари 2024 година, во споредба со февруари 2023 година, обемот на трговијата на мало се намалили во категоријата храна, пијалоци, тутун за 1,4 отсто, додека кај непрехранбените производи за 0,1 процент, додека кај автомобилско гориво во специјализирани продавници за 1,1 отсто.

Во унијата обемот на трговијата на мало е намален кај храна, пијалоци, тутун за 0,9 проценти, додека зголемен кај непрехранбени производи за 0,6 отсто, и намален кај автомобилско гориво за 1,5 отсто.


- Меѓу земјите-членки за кои се достапни податоци, најголемо годишно намалување на вкупниот обем на трговија на мало е забележано во Белгија каде има пад од 6,8 отсто, по што следува Словенија со пад од 5,6 проценти и Финска со намалување од 3,7 отсто. Од друга страна, највисоки зголемувања се забележани во Хрватска со раст од 9,2 проценти, по што следува Романија со 8,7 отсто раст и Луксембург каде зголемувањето достугнува 6,9 проценти - се наведува во анализата на „Евростат“. 

П.О. 

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија