Последен рок за поднесување даночна пријава во УЈП
Објавено во: Економија 09 Март, 2016 20:24
Од Управата за јавни приходи ги повикуваат граѓаните да ги пријават годишните приходи до наредната недела, инаку во спротивно ќе следат казни.
Рокот за поднесување пријава истекува на 15-ти овој месец.
Според УЈП, до денес законската обврска ја извршиле над 185 илјади граѓани, од нив 950 биле поднесени по електронски пат.
Годишна даночна пријава задолжително се поднесува за остварен приход освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, приходи од кирии од издавање имот – закуп или подзакуп, авторски права, индустриска сопственост; исплатена дивиденда, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот, добивка од наградна игра во износ поголем од 5.000 денари, приходи остварени од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страни.
Годишна даночна пријава треба да се поднесе и за лични примања од странство, работно ангажираниње во амбасада, мисија на меѓународна организација…, приходи остварени преку интернет како е-трговија, услуги извршени преку специјализирани страни на пример www.freelancer.com, www.upwork.com, поставување реклами на сопствени интернет страни, прогнози на типови за спортски натпревари и други дополнителни приходи, надвор од редовнаta плата или пензија.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка




