18 Мај, 2024
0.0285

Последната држава каде беше забрането дозволи: Саудијките може да возат, а што се им е забрането на жените во таа земја?

Објавено во: Свет 28 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Саудијките со вчерашниот кралски указ конечно добија дозвола да возат автомобили.

Кралот Салман наредил „дозвола за издавање на возачки дозволи на жените во Саудиска Арабија“, се наведува во текстот на указот.

Ултраконзервативното кралство беше последната држава во светот во која жените немаа право да возат. Исто така, им била потребна дозвола од машки старател, најчесто татко, сопруг или брат, за да би можеле да патуваат или студираат.

Освен тоа, во овој репресивен режим, на жените им е дозволено да гласаат или да се кандидираат (и тоа им беше забрането до 2015 година, но не смееле да им се обраќаат на машки гласачи ниту во своите простории за кампањи имаат мажи и жени), да бидат во Советодавните одбори, да посетуваат универзитети и да се натпреваруваат на Олимписките игри и да се занимаваат професионално со спорт.


CNN ги наведе забранетите работи кои и понатаму не им се дозволени: Еве неколку примери:

-Без дозвола на машки старател не може да се венчаат, разведат, отворат сметка во банка, добијат работа или одат на операција. Накратко, секој сегмент од нивниот живот е под контрола. Доколку татко им умре, дозвола за вакви активности, жената може да добие од мажот, братот некој машки роднина или дури и и син.

-Не смеат слободно да се дружат и „мешаат“ со мажи, освен во болници, банки и медицински факултети.

-Не смеат во јавност да се појават без покриена глава, а така наречената абаја мора да биде во црна боја.

-Не смеат да јадат во ресторани кои немаат посебни делови за семејства,

-Доколку сакаат да покренат бизнис, барем двајца мажи мора да бидат сведоци за нејзинот карактер како би и бил дозволен кредит или дозвола на жената

-Не смеат да се пријават за пасош или лични документи без машка согласност

-Немаат право на фер судење. Се смета дека сведочење на еден човек вреди како сведочење на две жени

-Кога се работи за наседство, многу жени завршуваат во сиромаштија бидејќи смеат да добијат само половина од она што го добиваат машките деца.

Можеби ќе ве интересира

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата