Последната порака на Оливер не остава никого рамнодушен
Објавено во: Балкан 29 Јули, 2018
Последното обраќање пред публика на легендарниот изведувач Оливер Драгојевиќ, кој почина изутрина по едногодишно боедување, се случи во март на додеување награди во Спаладиум арената.
Пејачот пред неколку месеци ја доби наградата за животно дело а по тој повод се огласи преку видео порака бидејќи бил спречен да ја подигне наградата поради болеста.
- Ги поздравувам луѓето кои беа околу мене и кои ме поддржуваа во таа криза, ми се чини дека се уште има време за пеење и свирење, доколку работите се поправат ќе бидам подобро. Имам битка со болеста, па затоа вечерва не можам да бидам со вас. Многу добри луѓе се околу мене и ако се биде во ред повторно ќе пееме. Гушкајте луѓе бидејќи животот е фантазија, рече пејачот пред неколку месеци.