02 Мај, 2024
0.0376

Последниот производител на беретки во Франција се бори за опстанок

Објавено во: Стил 24 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Компанијата за производство на беретки Laulhere, основана пред 174 години, се бори да ја зачува француската природа на иконскиот моден додаток. Минатата месец Laulhere стана единствениот производител на традиционалните баретки во Франција откако секна единствениот локален конкурент Blancq-Olibet, постоечки од близу 200 години. Поевтините капи од Кина, Индија и Чешка го отежнуваат опстанокот на локалните производители на беретки, кои се симбол на Франција, заедно со багетите и цигарите Gauloises. Седиште во подножјето на француските Пиринеи каде пастирите ја создаваат тркалезната и рамна волнена капа, за да се заштититат од влага, Laulhere се приклучува кон битката за етикетата "Произведено во Франција" на позадината на зголемениот број создадени во странство беретки кои се повеќе се дел од сивиот пазар. На својот портал  Laulhere напишала: "За нас 'произведено во Франција' уште значи нешто". Битката за опстанокот на Laulhere,  спасена преку придобивањето од страна на францускиот производител на воени облека Cargo-Promodis со инјекција од 500 000 евра на крајот на 2012 година, ја раскажува приказната за борбата на францускиот претседател Франсоа Оланд да се задржи конкурентноста на локалните бизниси. Марк Сондерс, кој е одговорен за продажбата во Laulhere, е оженет за Французинка, чие семејство е во бизнисот со баретки со генерации. Според него компанија се потпира на побарувачката во луксузниот сегмент на пазарот, за да избегне банкрот во 2012 година. За минатата година компанијата регистрирала продажба за 1,7 милиони евра, но нема профит, иако се очекува оваа година да "излезе начисто ". Плановите се во 2014 година да се произведат 200 000 капи во споредба со 160 000 во 2013 година. Половина од баретките одат кај армии низ целиот свет. Остатокот се за модната индустрија. Машките баретки на Laulhere чинат меѓу 40 и 75 евра, а женските се продаваат по цени од 20 до 95 евра. Увезените се продаваат за две евра. Глобалната конкуренција доаѓа главно од производители во Кина, Пакистан, Индија и Чешка, каде што фирмата Tonak as произведува модни баретки за жени. До крајот на 80-тите години Франција произведуваше по неколку милиони баретки годишно. Продажбата сепак постепено се намали на позадината на најевтините производи произведени во Азија. Најсериозна шајка во ковчегот беше забиена во 2001 година, кога француската армија ги сопре нарачките и ја лиши компанијата од стотици илјади од нив. Бројот на фабриките во градот, каде што се прават најмногу баретки во Франција - Олорон Сен-Мари, е намален од околу 30 до две: Laulhere и Blancq-Olibet. Традиционалната француска баретка се прави од мерино волна и има кожена ширина од внатрешната страна за поголема удобност при допир со кожата на главата. Таа е водоотпорна и не пропушта ултравиолетови зраци. Покрај тоа ја задржува својата форма, дури и да биде превиткувана. Баретките добиваат популарност во светот на женската мода во 30-тите години и се претвораат во симбол на Француската отпор за време на германската окупација во Втората светска војна. Во XX век тие почнуваат да се користат и од армиите во Франција и остатокот од светот. Брегот на Слоновата Коска, Кувајт, Саудиска Арабија и други држави користеа кинески, пакистански и индиски баретки, но ги заменија ", објаснува Саундерс." Тие сфатија дека тоа е технички производ и нема смисла да се искористи евтини опција ". Тој очекува продажбата на компанијата во Западна Африка и Блискиот Исток да се зголеми во текот на следните години. Француската армија, ОН и НАТО се меѓу најголемите клиенти на Laulhere. Компанијата бара можност за посериозно присуство на модниот пазар на позадината на отпуштањата на воените трошоци. Американската армија престана да користи волнени баретки во 2011 година и ги замени со капи. К.К.