20 Декември, 2025
0.0432

Последниот ребаланс и раскалашеното трошење, што преживеа?

Објавено во: Економија 27 Август, 2016 09:10

Добивај вести на Viber

И со овој ребаланс на Буџетот се посегна по капитланите инвестиции, кои се намалуваат за 3,3 милиони евра и ќе изнесуваат 363 милиони евра. Намалување на трошењата за капитални раходи имаше и претходниот ребалан на Буџетот. Токму кај оваа ставка, според податоците за Извршување на Буџетот за јуни има и позначајно потфрлување. Имено, заклучно со првата половина од годинава нивната реализација изнесува само 27% од проекцијата. Со вториот летен ребаланс, делот за капиталните проекти во рамките на министерствата настрадаа, дел пак остануваат со иста предвидена сума.

Капитални расходи преку министерствата и агенциите ..

Кај Министерството за образование, под ставката капитални расходи, на исто ниво остануваат парите за изградба и реконструкција на студентски домови, додека помалку пари ќе има за изградба на спортски сали во средните училишта, на ниво од 1,1 милион евра и за реконструкција на ученички домови, за што сумата речиси е преполовена на нешто повеќе од 15 илјади евра . За реконструкција и изградба на средни училишта, со ребалансот на Буџетот нема промени во планираните средства. На исто ниво остануваат и парите за изградба на училишни спортски сали во основни училишта како и за реконструкција и изградба на основни училишта. Со ребалансот преживеа и проектот за превод на книги од реномирани автори за кој Владата планира да потроши 1,2 милиони евра.

Преку Министерството за здравство, се намалуваат средствата за изградба на нов клинички центар во Скопје и Штип.

“Имено, програмата ќе опфати изградба на нов Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје во кој ќе бидат сместени најмалку 25 клиники и неколку институти, како и изградба на нова Клиничка болница во Штип. Овој значаен капитален проект во здравствениот сектор ќе ја поддржи континуираната реформа на здравствениот систем, во насока на унапредување, подобрување и одржување на здравјето на населението“, се наведува во ребалансираниот Буџет со кој средствата за оваа намена ќе се намалат за 100 000 евра и ќе изнесуваат 1,4 милиони евра.

Со ребалансот се намалуваат и средствата за изградба на “ПЕТ Центар“ и сега за овој проект значаен за развој и ефикасност на дијагностичките процедури во земјата, се одвојуваат 2,8 милиони евра. Преку Министерството за здравство, на исто ниво остануваат буџетските расходи за клиничка болница Тетово и општа болница Кичево, за медицинска опрема во јавните здравствени установи и за изградба на амбуланти во руралните подрачја.

Намалување на капитаните расходи има и кај Министерството за информатичко општество, при што оваа ставка со ребалансот на Буџетот 2016 се намалува на 2 милиони евра.

Кај Министерството за труд и социјална политика, на исто ниво остануваат капиталните расходи за поттикнување на вработувањето, а се намалуваат средствата за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита на ниво од 424 илајди евра.

Преку Министерството за земјоделство, на исто ниво остануваат буџетските капитални расходи за хидросистемот Злетовица и за хидросистем Лисиче.

Кај Министерството за транспорт и врски на исто ниво останува буџетската сума за “Инвестиции во железничката инфраструктура“ на ниво од 14,6 милиони евра. Но, за Туристичките равојни зони, сумата речиси се преполовува на 46 илајди евра. Помалку пари ќе има и за изградба на систем за водоснабдување-Сопиште и инфраструктурни објекти како и за проектот “Изградба на плажи“. Ребалансот не го преживеа ниту “Жичарата“ за која сумата се преполовува на 16 000 евра. Со Ребалансот има кратење и кај проектот “Гасификација“ за кој се планирани 17,2 милиони евра, а се кратат и средствата за надградба и реконструкција на управна зграда на Министерството за транспорт и врски.

На исто ниво остануваат парите за Јавното обвинителство, на Бирото за регионален развој, Државниот завод за статистика, Агенцијата за катастар како и за Управата за извршување на санкции.

Преку Министерството за локална самоуправа, останува ист буџетот за изградба на Плоштад Скендербег во висина од 2,7 милиони евра. Агенцијата за вработување добива повеќе пари на ниво 8,9 милиони евра.

Што се случува на ниво на министерства ..

Со новиот предлог се намалуваат средствата за Министерството за внатрешни работи на 180 милиони евра, а со помалку пари ќе располагаат и Министрството за надворешни работи, Министерството за финансии, но се зголемуваат трошењата на Министерството за финансии – функции на државата, од каде се сервисираат обврските на државата. Се намалува и буџетот на Министерството за животна средина и Министерството за транспорт и врски, кој сега со ребалансот на буџетот ќе изнесува 55,6 милиони евра. Намалување има и кај расходите на Министерството за земјоделство, со намален буџет на 14,7 милиони евра. Средствата на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството остануваат на исто ниво, но се намалуваат на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството.

И Министерството за образование не го преживеа ребалансот, па така расходите на овој, еден од најгломазните ресори, се сведуваат на 372 милиони евра. Со помалку пари ќе располага и Министерството за труд и социјална политика, чиј буџет ќе изнесува 645 милиони евра. Ребалансираниот буџет ги намали и средствата на Министрството за здравство и на Министерството за култура.

Со ист буџет останува Министерството за економија, заедно со Агенцијата за промоција на туризмот, Дирекцијата технолошко индустриски развојни зони и Агенцијата за странски инвестиции.

Владата најави ребаланс на Буџет со образложение дека треба да се обезбедат 36 милиони евра за отшетата на поплавените, но со предлогот го зголеми буџетскиот дефицит на ниво од 4% од БДП.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба