Поставен транспарент во Скопје на кој пишува „Заев: Со Сашо сум договорен. Мијалков: Го сменив стилот“
Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2021
Герил акција имаше вечерва во центарот на Скопје. Поставен е транспарент на кој пишува „Заев: Со Сашо сум договорен. Мијалков: Го сменив стилот“.
Пред Владата се собраа група граѓани и оставија транспарент на кој пишува „Ние сме разочарани“. Полицијата за екс директорот на УБК, Сашо Мијалков попладнево објави меѓународна потерница. Министерството за внатрешни работи ја промени објавената потерница за Мијалков од национална во меѓународна. Нему вчера му е определена мерка куќен притвор со 24-часовен надзор по негово пронаоѓање, односно лишување од слобода, но сè уште се трага по него.