20 Декември, 2025
0.0604

Постојат ли огласи за вработување на кои никој не се пријавува?

Објавено во: Економија 01 Март, 2023 07:41

Добивај вести на Viber

Од приватните агенции за посредување при вработување велат дека има огласи за работа на кои не се пријавува ниту еден кандидат или по реобјавување се јавуваат 2-3 луѓе, кои не ги поседуваат соодветните компетенции.

Ова особено се однесува за дефицитарните професии. Од агенциите објаснуваат дека одливот на работа сила надвор од Македонија доведе до ваква состојба и веруваат дека ќе биде и полошо. Занаетчии, келнери, возачи на камиони, шивачи, оџачари тешко се наоѓаат.

„Се сеќавам дека имаше оглас за столар во фабрика за мебел и ми кажаа дека никој не се пријавил. Занаетите се дефицитарни и навистина е тешко да се најде занаетчија од типот на градежник, ѕидар, плочкар. Сега знаеме дека во странство ќе почне летната туристичка сезона, а многу работници заминаа таму и тоа ја прави ситуацијата уште полоша. Последниве години се чувствуваат тие примени. Квалитетниот кадар кој останува овде е минимален. Работниците или не се доволно компетентни или се прескапи. Работодавачот ако се најде во таква ситуација мора да го одбере „помалото зло“, ако можеме така да кажеме. Дури се случува на некои огласи да се јават луѓе кои немаат соодветни квалификации, но сакаат да пробаат дали можат да работат одредена работа“, раскажува Донка Спасовска, сопственичка на агенцијата „Хоризонт“.

Од друга скопска агенција велат дека има огласи за вработување за кои нема интерес. Ако се работи за помала општина, шансите да се најде соодветен работник се мали.

Има такви огласи и по некое време нема пријавени апликанти. Тешко наоѓаат возачи на камиони со Ц категорија. Истото важи и за некои специфични струки каде се бара поседување на соодветни лиценци, но и за келнери има проблем. Ако се потребни работници за изградба на автопат, во една општина ги нема, па мораат да обезбедат луѓе за работа од друг град. Доколку се бараат градежници за во помал град, оние кои се занимаваат со таа работа веќе се вработени и е тешко да се најде работник“, додаваат од скопска агенција.

Но, од агенциите велат дека кандидатите одлучуваат каде ќе аплицираат врз основа на реномето на одредена компанија, висината на платата исто ја земаат предвид ако е наведена и дали работното место е блиску до нивниот дом.

Нашите соговорници велат дека за работа во државен сектор има голем интерес. На веб страницата на Агенцијата за вработување вчера имаше над 8.000 слободни работни места. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба