Потајно си замислувавме дека ќе одиме во Холивуд: Интервју со Дамјан Митревски
Објавено во: Стил 27 Ноември, 2019 09:32
Холивудски успех доживеа македонскта екипа на компанијата „В хаус анимејшн“, откако во Волф театарот во состав на Академија за телевизиски уметности и науки во Лос Анџелес премиерно беше прикажан анимиреаниот филм „Пајни: осамената елка“ . Сценариото и режијата се на холивудскиот тандем Тимоти Хутен и Тод Едвардс, а комплетната анимација, продукција и постпродукција ја изработи компанијата „В хаус анимејшн“ од Скопје.
За искуството по премиерата во Лос Анџелес, за процесот на правењето на филмот, за топлината во пораката која тој ја носи, за „Женски магазин“ раскажа Дамјан Митревски, извршниот директор на „В хаус анимејшн“.
* Како дојде до тоа анимацискиот дел на филмот да го направи македонска екипа?
- Со компанијата Hardy Howl односно со режисерите Тимоти Хутен и Тод Едвардс имаме долгогодишна соработка на повеќе различни проекти. Се познаваме добро, имаме исклучителен професионален однос, кој со текот на годините почнува да се потпира и на нашето пријателство и на взаемна доверба. Кога тие двајцата, како тим, беа ангажирани на режисерската позиција за „Пајни“, нашата компанија „В Хаус анимејшн“, беше првата која го доби повикот да се приклучи во изработката на филмот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





