19 Декември, 2025
0.0526

ПОТОНАА АКЦИИТЕ И ВО МАКЕДОНИЈА: Прекинато па продолжено тргувањето

Објавено во: Економија 24 Февруари, 2022 13:50

Добивај вести на Viber

Потона цената на акциите и на Македонска берза. Поради силниот пад, Македонска берза во 12:23:05 часот го прекина тргувањето на сите пазари на Берзата во траење од 30 минути, по што купувањето и продажбата продолжија во 12:54:00 часот.

„Прекинот на тргување е направен со оглед на тоа што индексот забележа пад од 8,39 проценти, имајќи предвид дека статичките ценовни лимити изнесуваат +-10%. Официјализација на денот на тргување ќе биде во 14:30 часот, соопштија од берзата.

Според правилата на тргување доколку индексот во кои влегуваат најликвидните компании падне под или над седум отсто до 11.45 часот, тргувањето се прекинува во траење од еден час. Акое по овој термин се носи одлука за прекин од половина час.

Моментно цените на акциите на најмоќните компании се паднати до дозволениот максимум односно повеќето губат и по 10 отсто или нешто под овој процент.

Од Македонска берза велат дека се следи ситуацијата.

Брокерите со кои разговаравме велат дека ова е очекувана реакција на инвеститорите со оглед на војната во која с еразбуди светот утрово. Русија ја напдана Украина, а на пазарите влегоа буквално го еден од најголемите падови.

Сепак дел од познавачите велат дека можно е брзо ситуацијата да се смири, но дека се ќе зависи сепак од актуелниот развој на настаните во конфликтното подрачје. Велат дека во криза и кога се ниски цените, акции се купуваат, за на среден рок да се има и поголема заработка на овие акции. Панично продавање не е препорачливо.

„Акутуелната ситуација секако придонесе за пад на цената на акциите и на Македонска берза, што е и очекувано. Компаниите имаат одлични економски перформанси и треба да се размислува оптимистички па може да се очекува првичниот негативен притисок да се намали и цените да се коригираат нагоре. Инаку во кризи и на ниски цени секако е добро да се купуваат акции, а не да се продаваат, вели Васко Митев директор на Илирика Инвестментс во Македонија.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии