15 Мај, 2024
0.0252

Потпишан договор за деловна соработка помеѓу Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ и оне.Вип ДОО

Објавено во: Мои пари 15 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Денес оне.Вип ДОО Скопје и Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ потпишаа договор за деловна соработка. Во рамки на договорот предвидено е целосно брендирање на дел од капацитетите на  Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ под брендот Вип, како и именување на мултифункционалната спортска арена во “Вип арена” и дел од останатите спортски објекти соодветно. Во рамки на договорот предвидено е и заедничко учество на оне.Вип ДОО Скопје и Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во проекти од хуманитарен карактер, а токму во рамки на оваа партнерска соработка на околу 400 деца без родители и родителска грижа, сместени во домовите во Скопје и во згрижувачки семејстваќе им бидат доделени билети за користење на лизгалиштето, како најава за почеток на оваа општествено одговорна кампања.

- Мило ми е што и на овој начин преку оваа соработка на оне.Вип, поточно на Вип брендот со Спортскиот Центар Борис Трајковски, продолжуваме да придонесуваме за општеството, и токму затоа инсистиравме во рамки на овој договор да влеземе во партнерски проекти кои ќе имаат за цел да го поттикнат здравото живеење и спортскиот дух кај сите граѓани. Се надевам дека ќе успееме на дечињата од домовите и од згрижувачките семејства да им го разубавиме слободното време и даги поттикнеме да спортуваат, изјави Никола Љушев, Извршен директор на оне.Вип.

IMG_0440

Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ е елитен комплекс и претставува единствен центар од мултифункционален карактер на територијата на Република Македонија. Токму овие карактеристики на центарот, придонесоа истиот да биде интересен за ваков вид на соработка.

- Најпрво, би ја искористил оваа прилика, како би можелда ја искажам мојата благодарност и задоволство за тоа што најголемиот спортски центар во нашата држава, кој претставува единствен центар од мултифункционален карактер на територијата на Република Македонија, СЦ Борис Трајковски, добива една сериозна компанија како oне.Вип за доверлив деловен партнер.

Токму затоа би сакал да се навратам наназад во изминатата година, која за потсетување беше рекордна според бројот на успешно реализираните проекти во Спортскиот центар Борис Трајковски. Секој проект кој што го креираме целиме да соодвествува со барањата и очекувањата на граѓаните, со цел услугите на центарот да бидат уште подостапни за целата популација.  Јас и мојот тим постојано се трудиме да повеќе и подобро ги промовираме општествено одговорните активности, спортот, спортскиот начин на живот и семејните вредности. Во таа насока, со цел зголемување на понудата на СЦ Борис Трајковски, би сакал и да ја поздравам одлуката којашто беше објавена викендов, од страна на господинот Никола Груевски за изградба на уште еден објект наметен за тенискаи гимнастичкаарена. Со ова само потврдуваме дека тоа е нашата мисија, а успешно реализираните проекти кои за првпат се спроведуваат во Република Македонија се само поттик да бидеме уште поуспешни на секое поле. Би заклучил дека нашиот систем на вреднување, е препознаен од компанијата оне.Вип која очигледно се стреми и работи со истата мера во насока на подигање на свеста и активно помагање на загрозените групи. Токму тие се причина и повод за ова наше здружување.

Денес со компанијата оне.Вип потпишуваме договор за деловна соработка, а во негови рамки предвидено е заедничко учество на проекти кои имаат за цел да ги поттикнат здравиот начин на живот и спортскиот дух кај сите граѓани од нашата држава. Со поддршката која што е договорено да ја добиваме ќе можеме посигурно да зачекориме и во нови деловни активности, со оглед на тоа што се работи за најголемиот спортски објект во земјата за што се потребни големи средства за негово одржување. Планирани се многу заеднички новитети и активности, а започнуваме со преименувањето на големата сала во „Вип Арена“ во стилот на големите спортски центри ширум светот, притоа напоменувајќи дека името на спортскиот центар останува исто како досега во чест на големиот поранешен претседател на Република Македонија,господинот Борис Трајковски, истакна Златко Перински, Директор на  СЦ Борис Трајковски.

IMG_0469

Спортскиот Центар кој го носи името на поранешниот Претседател на Република Македонија Борис Трајковски, е изграден во 2008-та година од страна на Владата на Република Македонија. Во состав на Спортскиот Центар “БОРИС ТРАЈКОВСКИ” се наоѓа мултифункционална спортска сала која е еден однајголемите репрезентативени спортски објекти на Република Македонија. Повеќенаменската сала се користи и за културни манифестации. Наскоро оваа сала ќе се преименува во Вип арена. Во самиот комплекс се наоѓа и мала спортска сала која се користи за тренинзи и рекреација. Центарот располага и со ексклузивен фитнес и аеробик центар, ако и сауни за релаксација на спортистите, пинг-понг клуб достапен за сите посетители. Комплексот вклучува и куглана, подготвена по светски стандарди од меѓународната кугларска федерација. Во рамки на центарот работи и хокеј арена, а во овој објект на располагање на сите граѓани се и тренинзи по уметничко лизгање. Во состав на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ е реновираниот базен Карпош, како и Рекреативен центар кој нуди најразлични содржини: аеробик, пилатес, фитнес, сауна, карпа за качување и сала за ритмичка гимнастика.

Во 2013 година СЦ Борис Трајковски се прошири со првиот Аква Парк во Скопје со површина од 12.000 м2, кој располага со најмодерни реквизити и содржини, атрактивни за целото семејство.

Договорот за соработка помеѓу оне.Вип ДОО Скопје и Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ се потпиша во времетраење од две година, со можност за продолжување на уште две години, а започнува да важи од 15февруари 2016 година. Условите и сумата на договорот остануваат во рамки на деловни информации.

Можеби ќе ве интересира

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје